Трговскиот синџир „Кауфланд Хрватска“ најави пониски цени за над 1.000 производи

January 31, 2025
1 min read

Хрватските медиуми денеска се преполни со фотографии од празни дуќани, откако граѓаните беа повикани на општ бојкот не само на продавниците, туку и на услугите, односно на блокирање на платежните трансакции во земјата.

Бојкотот во Хрватска го иницираше интернет платформата „Ало инспектори“, а минатиот петок беше успешно спроведен бидејќи прометот и износот на фактурите беа намалени речиси за половина.

Малопродажниот ланец „Кауфланд Хрватска“ денеска објави пониски цени за повеќе од 1.000 производи, почнувајќи од 5 февруари.

Овој малопродажен синџир најави дека секоја недела на своите клиенти ќе им обезбедува повеќе од 1.800 производи по промотивни цени.

Најавеното намалување на цените, наведоа оттаму, е дел од нивните континуирани напори основните прехранбени производи и производи да им бидат достапни на граѓаните по најповолни цени.

-Свесен за промените на пазарот и предизвиците при управувањето со буџетот на домаќинствата, Кауфланд се стреми да остане сигурен партнер во секојдневното купување со широк асортиман од просечно 19.000 производи кои ги задоволуваат различните потреби на потрошувачите, соопшти компанијата, пренесе Хина.

Вчера пониски цените на 250 производи, покрај 70-те чии цени Владата ги ограничи, најави и трговскиот синџир Конзум.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Битола регистрирани зачестени интернет измами преку социјалните мрежи

Следно

Таткото Тодор со емотивен статус: Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат- Почивај во мир, мила да си при Бога, Фросинче

Latest from Blog

ЈУЖНА КОРЕЈА МЕЃУ КИЕВ И МОСКВА: Трговија со гориво зад грбот на санкциите

Гориво од Јужна Кореја стигнува до Русија – делумно преку танкери под санкции – во време кога Москва се соочува со недостиг на залихи поради војната во Украина. Анализата на пристанишните евиденции

Овации и бис за македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски на фестивалот „Due Siciliae“

Со арии од „Тоска“, „Вертер“ и „Турандот“, Ѓорѓи Цуцковски се претстави на две концертни вечери на меѓународниот фестивал „Due Siciliae“. Македонскиот тенор, според неговото сведоштво, на двата настапа беше награден со бурни
Go toTop