Тргнати шаторите пред Уставен – Османи: Ќе продолжиме со отпорот! Шаќири: Маката ви е за власт

December 11, 2024
1 min read

Денот „Д“ за судбината на двојазичноста во земјава беше дочекан со протест пред Уставниот суд во Скопје. Граѓаните повикани од опозицискиот Европски фронт се собраа кај поставените шатори за да го изразат својот револт. Бројни полициски сили имаше и околу зградата на Уставен, но и кај Собранието. Претседателите на ДУИ Али Ахмети и АА Зијадин Села му порачаа на судот да не одлучува селективно.

„Се молам до небото, едностраните и селективни одлуки, овие луѓе кои се таму етнички да не носат повеќе погрешни и полоши одлуки бидејќи тоа не е добро за демократијата или соживотот, ниту помага за стабилни меѓуетнички односи“, вели Али Ахмети.

„Не можеме да се откажеме од јазикот на кој што нè научија нашите мајки, нашите родители, не се откажуваме од иднината на нашите деца, затоа што тоа е нашиот свет јазик, за кој во минатото се жртвуваа многу наши преродбеници“, вели Зијадин Села.

По одлуката на Уставниот суд за одржување подготвителна седница за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи изјави дека е недозволиво највисокиот орган да одржува седница во моноетнички состав.

„Ние ќе продолжиме со отпорот, во одбранана јазикот, во различни форми. Најавуваме дека во моментот кога ќе се закаже седница за оценување на уставноста на законот за албанскиот јазик, ќе бидеме овде. Народот ќе биде овде. Не е само нашиот глас во заштита на албанскиот јазик, не е само албанската кауза. Тоа е кауза за заштита на мултиетничка европска РСМ“, порача Бујар Османи.

По овие ставови, од ЕФ одлучија да ги тргнат шаторите.

Од коалицијата ВРЕДИ рекоа дека нема да дозволат деградирање на албанскиот јазик. Пратеникто Ријад Шаќири рече дека албанскиот јазик нема да се чепка, како што се случи денеска, според него, албанскиот јазик уште повеќе ќе унапредува.

„Тие кои се кријат во шаторите и се штитат од дождот, ниту дождот ниту сенката на шаторите нема да го покријат срамот од нивните дела. Нивната врева нема врска ниту со албанскиот јазик, ниту со Албанците, со ништо албанско. Нивната врева не е за државата туку за власт, бидејќи им треба власта заради колективна амнезија од прогонот на правдата. Ќе положат сметка, нема каде да бегаат“, вели Ријад Шаќири.

Инаку од ЕФ соопштија дека кога ќе продолжи седницата во Уставен, тие повторно ќе излезат со шатори пред зградата на судот.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

СКОПСКИОТ АКВАДУКТ ЌЕ СЕ РЕСТАВРИРА СО ГРАНТ ОД 205.000 ДОЛАРИ ОД АМБАСАДОРСКИОТ ФОНД НА САД

Следно

Николоски: Од 27 март, Туркиш ерлајнс започнува да лета на линијата Охрид-Истанбул

Latest from Blog

Тошковски за дојавите за бомби во училиштата: Испратени се од привремени емаил адреси кои се бришат еден час по испраќањето

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека дојавите за бомби, упатени кон училишта низ земјата минатиот петок, биле испратени од привремени емаил адреси кои се бришат само еден час по испраќањето

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во близина на Санторини – најсилен досега во неколкудневната серија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите

Ѓорѓиевски во 24 анализа: Мојата амбиција е да се кандидирам за градоначалник на Град Скопје, но одлуката ќе биде според анкетите

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во 24 анализа рече дека неговите амбиции се да се кандидира за градоначалник на Град Скопје но како што кажа, одлуката

Тошковски: За пет дена, констатирани се 2 592 прекршоци – секој втор возач сторил прекршок

За пет дена, од 5 444 исконтролирани возачи во Скопје, констатирани се 2 592 прекршоци, што значи дека речиси секој втор кој што бил запрен, сторил некаков прекршок, информира министерот за внатрешни

Земјотрес од 5,3 степени го погоди Санторини

Земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 14 километри југо-југозападно од Аркесини, Аморгос, и со фокусна длабочина од 17 километри. Силен земјотрес од 5,3 Рихтер кај
Go toTop