Трето гласање во грчкиот Парламент за избор на претседател на Грција

February 6, 2025
1 min read

По трет пат грчките пратеници претпладнево ќе гласаат за претседател на Грција, откако при првите две гласања пред десет дена и во петокот ниту еден од четворицата кандидати не го доби потребното двотретински мнозинство, додека пак денеска за избор на шеф на државата потребно ќе биде треба да гласаат три петтини, односно 180 од вкупно 300 пратеници што не се очекува дека ќе се постигне, јави дописничката на МИА од Атина.

Првпат по над 30 години предложени се четворица кандидати, до неодамна претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, како предлог од владејачката Нова демократија, поранешниот министер Тасос Јаницис предложен од ПАСОК, поранешната пратеничка и министерка од ПАСОК Лука Кацели, предлог од СИРИЗА и писателот Костас Кирјаку.

На првото гласање на 25 јануари и на второто минатиот петок ниту еден од четворицата кандидати не доби најмалку 200 гласа од вкупно 300 пратеници, а резултатите беа идентични за сите кандидати, нешто што веројатно ќе се случи и денеска.

Поконкретно Тасулас и на двете гласања доби 160 гласа, за Кацели два пати гласаа истите 40 пратеници, Јаницис и на двете гласања доби 34 гласа, додека за Кирјаку гласаа 14 пратеници,

При првото гласање воздржани беа 49, а при второто 52 пратеници.

Гласањето е јавно со прозивање на секој од пратениците кои имаат две опции: или да одберат еден од кандидатите или да изјават дека се воздржани.

Согласно грчкиот Устав, претседателот го одбира Парламентот и предвидени се најмногу пет гласања, доколку при првото не се постигне потребното двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници, односно најмалку 200 гласа, по пет дена ќе се одржи второто гласање и доколку и тогаш не се постигне потребното двотретинско мнозинство, ќе се одржи и трето на кое ќе бидат потребни три петтини од вкупниот број гласови, односно поддршка од 180 од вкупно 300 пратеници.

Доколку ниту еден од кандидатите не добие ни 180 пратеници, ќе следи и четврто гласање, повторно по пет дена, кога ќе биде потребно мнозинство од вкупниот број пратеници, односно најмалку 151 глас.

Според резултатите од првите две гласања, новиот претседател на Грција се очекува да биде избран по четвртото гласање, кое ќе се одржи на 12 февруари и да биде избран Константинос Тасулас за шеф на државата со поддршка од околу 160 пратеници.

Петгодишниот мандат на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу завршува на 13 март годинава. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден од најдобрите хрватски џудисти на само 16 години се бори за живот

Следно

Сообраќајот се одвива тековно и без застои

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop