Трета стручна дебата за измени и дополнувања на Законот за Судски совет

December 3, 2024
1 min read

Во Апелациониот суд во Штип се одржа третата тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет. Ова е само еден од неколкуте настани за консултации кои Министерството за правда во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ планира да ги организира, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе кон унапредување на законската рамка која го уредува работењето на Судскиот совет.

Државниот секретар на Министерството за правда, Дајанчо Ефтимов, во своето обраќање рече дека после сите случувања во Судскиот совет, неопходно е да се преземат мерки за имплементирање на препораките од Оценската мисија.

„Независноста на судството е еден од најважните столбови на секоја држава. Притоа, Судскиот совет е клучниот орган за нејзиното гарантирање. Токму затоа, исклучително внимание се посветува на работата и функционирањето на овој орган. Донесувањето на Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет е дел од активностите и на клучните стратегиски документи: Планот за раст и на Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година. На ова законско решение подолг период има работено работна група составена од судии, членови од Судскиот совет и претставници од науката. Ставовите, мислењата и предлозите за понудените законски решенија ќе бидат од особено значење при дефинирањето на конечните законски одредби“, рече Ефтимов.

Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основа за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Возачи сменете ги возачките дозволи – ова е крајниот рок!

Следно

Генералниот секретар на НАТО: Путин не е заинтересиран за мир

Latest from Blog

Индија и Пакистан договорија прекин на огнот

Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани

Молчешкум, со насолзени очи, но со високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ и денес побараа правда за трагичниот случај што

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот
Go toTop