Трета година Македонија не е дел од “Евровизија“

May 14, 2025
1 min read

Од Владо Јаневски со препознатливиот шарм во своите евергрини, па се до Тоше со неизмерна емоција, и Калиопи со глас што сече тишина – Македонија секогаш знаела како да остави силен печат на Евровизиската сцена.

https://www.youtube.com/embed/elUYzPBdQ8M?si=QzmG1Rex18HFhY95″ title=”YouTube video playerЈана Бурческа, македонската претставничка на Евровизија во 2017 година, за телевизија 24 вели дека иако концептот на Евровизија е добра можност за интернационална промоција, сепак трите години пауза може да се гледаат како период на преиспитување. Според неа, отсуството од фестивалот треба да се искористи за Македонија да се врати посилна на сцената.

– Македонија располага со извонредни вокални и музички капацитети, но можеби е време да размислиме надвор од стандардните рамки и да создадеме проект кој не само што ќе биде конкурентен, туку и автентично наш. Претпочитам да го истакнувам позитивниот аспект на нештата, па сметам дека е најдобро е отсуството од фестивалот да се искористи во насока на тоа се вратиме посилни, покреативни и порелевантни на европската сцена. Можеби големиот евровизиски јубилеј догодина ќе ни биде мотивација. – Јана Бурческа.

Годинава, македонскиот композиторот Дарко Димитров ќе биде дел од евровизискиот тим на Црна Гора. Претходно, имаше работено и други евровизиски песни за претставниците на Србија и Албанија.

Македонија својот најдобар пласман на Евровизија го имаше во 2019 година, кога со „Proud“ на Тамара Тодевска го освои седмото место. Годинава, 69- то издание на Евровизија се одржува во Швајцарија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Романо: Алонсо се подготвуваше за овој момент целиот свој живот!

Следно

Силен земјотрес кај Подгорица

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура
Go toTop