Продолжуваат дојавите за бомби трет ден по ред оваа недела, а денеска се евакуирани учениците од „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Никола Карев“, објавија медиумите.
Учениците се евакуирани, а екипи на полицијата се на терен, па во текот на денот се очекува соопштение со повеќе детали.
Во текот на вчерашниот ден имаше закани за бомби во 16 скопски и четири прилепски училишта.
ИЗВОР: skopjeinfo.mk