Трет ден на жалост за трагедијата во Нови Сад

November 4, 2024
1 min read

Во Војводина е трет ден на жалост за 14-те жртви од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Тројца од повредените се уште се во критична состојба, обвинителството досега сослушало 40 лица меѓу кои и министерот Горан Весиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Започна погребот на жртвите, а граѓаните со цвеќиња и свеќи им оддаваат почит на жртвите.

Трите лица кои беа тешко повредени во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се уште се во тешка состојба и нивните животи се во опасност.

Поради оваа трагедија од граѓаните беа организирани два протести, во саботата во Нови Сад и во неделата во Белград.

Новосадската опозиција најави голем протест за вторник во 18 часот пред железничката станица.

Граѓаните бараат оставки од министерот за градежништво Горан Весиќ, премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуровиќ.

Во моментов главна полемика се води за прашањето за настрешницата што се урна, дали е реконструирана или не. Претставници на властите и на кинеската компанија која ја реконструираше Железничката станица тврдат дека настрешницата не е реконструирана, а инженерите и граѓаните го тврдат спротивното, дека е реконструирана.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад до вчера сослуша 40 лица, меѓу кои и министерот за градежништво Горан Весиќ, директорот на Институтот за заштита на спомениците на културата во Нови Сад, одговорените во „Железници на Србија“ и „Железничка инфраструктура на Србија“ и одговорните за изведување на работите.

Се собира доказен материјал меѓу кои е и документацијата на Министерството за градежништво, која ќе биде предадена на стручни лица на понатамошна обработка

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Турскиот претседател Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини против израелскиот геноцид во Газа

Следно

Министерката Божиновска ќе учествува во 21. Виенски Економски Форум

Latest from Blog

Турчин со порака пред својот ресторан во Бар по нападите во Црна Гора- сѐ му запалиле и уништиле

Иако пожарот во рестораните беше брзо изгаснат, беше предизвикана значителна материјална штета. Денот по овие инциденти, жителите на Бар, странците, локалната самоуправа таму и бизнисмените се здружија за да им помогнат на

Демант од Телма: „Мециновиќ беше поканет, интервјуто го одби со благодарност“

Во интерес на вистината би сакале дапотенцираме дека Телевизија Телма има еднаков, доследен и професионален однос кон сите кандидати на локалните избори. Оваа наша реакција доаѓа по вечерашната објава на личниот ФБ

Литванија повторно го затвори аеродромот во Вилнус поради сомнителни балони

Литванскиот аеродром Вилнус беше привремено затворен во четврток поради балони кои летале во близина, соопшти аеродромот во објава на Фејсбук, што е шести ваков инцидент овој месец. Литванија е убедена дека балоните
Go toTop