Тренчевска: Велковски лажно обвинува

March 18, 2024
1 min read

Повторно министерот Ѓоко Велковски без да има конкретни информации со завршени записници, факти и докази излегува во јавност и се користи со лажни обвиненија, соопшти денеска ексминистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа реагира на прес-конференцијата на Велковски кој денеска рече дека имало злоупотреби на системот за социјална заштита со кои на 2.252 лица незаконски им биле исплаќани средства за социјална помош како и за социјална пензија иако не ги исполнувале условите.

Тренчевска соопшти дека набрзо деновиве ќе ги имаат конкретните записници по овие констатирани податоци. Таа во демантот вели дека уште во јануари потпишала меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи за размена на податоци за поседување на моторно возило во реално време. Ваквиот меморандум кој стапи на сила од февруари е мерка за превенција од злоупотреба на системот за социјална заштита.

-Конкретно Велковски се служи со информации кои се дел од транспарентните одлуки на Тренчевска. Тука не се работи за непостапување на службениците од социјална заштита, туку за замајување на јавноста со нерелевантни податоци и засенување на видливите резултати од одлуките донесени од страна на СДСМ. Пред потпишувањето на меморандумот, податоците со МВР беа разменувани на месечно ниво со доставување на барање за проверка на информациите. Секогаш кога ќе се утврди бесправна исплата на правата од социјална заштита, лицата ги враќаат средствата. Истата пракса ќе се спроведе ако министерот најде какви било неправилности за исплата на Гарантирана минимална помош и социјална пензија. До денес во секој случај каде е утврдено дека корисникот дал лажни информации за поседување на имот, правото од социјална заштита се укинува, а корисникот го враќа добиениот паричен надоместок. Изминатите 50 дена, министерот Велковски со јавноста не сподели ниту еден релевантен статистички податок, ниту еден факт и ниту една теза до денес не ја одбрани со аргумент. Вакви се кадрите на ДПМНЕ, без решенија и без конкретни знаења, пишува во демантот на Тренчевска.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за непотизам при вработувања во охридската општина

Следно

БЏК Куп: Македонските тенисерки ќе играат во Литванија

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop