Тренчевска: Инфлацијата е потсмирена

March 14, 2023
1 min read

Инфлацијата е потсмирена и се намалува. Најважно е што имаме тренд на намалување и тој ќе продолжи и понатаму. Не само мерките за замрзнување на цените и сите други мерки што ги носи Владата се токму во таа насока, рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Во гостување на ТВ 24 Тренчевска истакна дека се следат состојбите и оти не мора да значи дека мерката нема да продолжи и по утврдениот рок ако економскиот тим на Владата одлучи дека дава ефекти.

Тренчевска е задоволна од одлуката што беше донесена вчера на Економско-социјалниот совет за висината на минималната плата бидејќи, како што истакна, е резултат на системско решение од минатата година кога со измените на Законот за минимална плата беше утврдена нова методологија врз основа на која ќе се зголемуваат платите.

-Токму со ова решение имаме одлука за минимална плата од март 2023 од нето износ 20.175, што значи дека во државата нема да има основна плата под оваа сума. Дури и во услови на криза минималната плата расте. Со минималната плата ќе пораснат и другите плати, онаму каде матичните закони се усогласени со Законот за минимална плата, односно каде во основната плата влегува минималната плата, платите исто така ќе се зголемат за 2.175 денари, рече Тренчевска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сирискиот претседател Асад пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Следно

Истражување: За четири години зголемено задоволството од животот во Словенија

Latest from Blog

Индонезија добива прв носач на авиони: Поранешниот италијански „Џузепе Гарибалди“ плови кон новиот сопственик

По формалното предавање, на бродот ќе му биде дадено индонезиското знаме и новото име „КРИ Гаџа Мада“. Се очекува патувањето до Индонезија да трае повеќе од 20 дена, преку Суецкиот канал и

Јувентус и Борусија (Д) во финална битка за Волтемаде

фото: Newcastle United (X) Јувентус е во преговори со Њукасл Јунајтед за ангажман на германскиот напаѓач Ник Волтемаде на позајмица. Според италијанските медиуми, клубовите разговараат за едногодишна позајмица со надомест од околу

Иран ги нападна американските воени бази во Јордан- Трамп се закани со одмазда

„Ќе ги погодиме силно. Ќе има одговор“, потврди Трамп во телефонски разговор со Треј Јингст од Фокс њуз. Тој истакна дека американските системи за воздушна одбрана ги пресретнале сите освен една од

Меси го објави своето повлекување од репрезентацијата на Аргентина

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси објави дека ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да игра за Аргентина. Капитенот на „гаучосите“ одлуката ја соопшти преку емотивна порака на социјалните мрежи, по повеќе од 20
Go toTop