„Требаше да се грабне жена на 40 години, па да се однесе и замени со Панче во дупката и да се чува додека не платат пари“, сведочи Манев

March 12, 2025
2 mins read

Велибор Манев, еден од обвинетите за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, сведочи денеска во Кривичниот суд. Тој претходно рече дека заедно со Влатко Кешишев ја копале дупката каде што било закопано телото на Панче Жежовски. Првично, како што рече Манев, бил планот да се најде некоја жена, и да се киднапира со возилото на Панче, кој претходно ќе бил ставен во дупката, а потоа да се направи размена, и да се пушти Панче да си замине.

Тој најпрво одговора на прашања на неговиот бранител Горан Бошевски.

Бошевски: Објасенете за грабнување на кои лица се работи?

Манев: Првично требаше Панче Жежовси да биде грабнат, да биде спуштен во дупката, врзан за бетонски тег со ланец за ногата и тегот, за да не може да се искористи неговото возило, да се искористи неговото возило за грабнување на особа жена од 38-40 години возраст и откако ќе се грабне таа, Панче да се извади од дупката, да се направи замена на грабнатите, Панче да се пушти со колата да си замине и да се остави жената во дупката.

Бошевски: Кога е ископана земуницата?

Манев: 2022 година е копана, една година пред се ова.

Бошевски: Со кого договаравте киднаприање на Панче Жежовски?

Манев: Привчно баравме објект каде ќе бидат чувани грабнатите лица. Но бидејќи не најдовме, едно попладне бев во канцеларија, во канцеларијата на Трета кај Шампионче во Кисела Вода. Палчо ми предложи да го оставам телфонот во канцеларија и да се прошетаме некаде. Кога излеговме од канцеларијата ми рече дека објект тешко може да се најде и да одредиме место каде ќе биде земуница, локација каде ќе може да ги чуваме грабнатите лица. Откако го најдовме местото, тој реши дека тука треба да се направи земуницата, тоа се направи и еден период да ја оставивмеда се замаскира од самата природа. Одлуката за грабнување на Панче Жежовски некаде одколку месец и пол пред гранувањето на лицата, бараше кола, необележана, украдена или слично. За да може да го извршиме грабнувањето. Автомобил за да може да биде грабната жената, за да не се препознае. Ние не најдовме таква кола и по предлог на Палчо почнавме да бараме пензионер сам кој ќе може да го искористиме за да му ја земеме колата и потоа да биде пуштен на слобода. Во канцеларија седевме и дојде на ум борчот на Панче Жежовски. Му кажав дека има тука еден кај мене кој ме зафркнал кој ме измамил, што ми го земал лебот па може да го искористиме тој човек за целите на грабнување.

Кои други лица се приклучија во грабнувањето?

Во прицип на почетокот бевме јас, Палчо и Влатко Кекишев. Ние ја копавме дупката. Ни фалеше уште еден човек и размислив Боре беше нон-стоп со мене и му прелдожив да оди да разговара со Палчо за ова. Ако сака да пристапи како член на групава.

Дали се приклучи во групата?

Да

Како и кога го грабнавте Панче Жежовски?

Панче Жежовси го грабнавме на 23.11. Мислам. Тоа го имаше и на камерите кога се доаѓа кај него. На 22-ри дојдоа Палчо и Влатко Кешишев наводно да го провери местото, како е што е и дали може да се грабне.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Колку е штетен мазутот кој се увезува во Македонија?

Следно

Манев во детали објасни како се случило грабнувањето на Панче: Палевски му испука куршум во слепочницата на Панче!

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop