Треба една институција, а не десет – системот на доверба не функционира, секој гледа да го изигра

March 28, 2025
1 min read

Системот на доверба не функционира- секој гледа да го изигра законот. Затоа треба да има една институција која ќе има одговорност. Ни треба систем во кој секој ќе знае дека мора да се потпише на документ, дека има одговорност со тој негов потпис, и дека не може од канцеларија да се регулираат процесите. Ова беше истакнато на дебатата во вчерашниот магазин „Click Plus“ на ТВ21каде гостуваа градоначалници од Скопје. Велат се соочуваат со проблеми кои се напластувале децении наназад.

„Ние имаме прекомплициран и прегломазен систем на издавање на било каков тип на одобренија, започнувајќи од одобренија за градба, урбана опрема, еве како случајот што е за кабаре, ресторан и така натаму“, рече Ѓорѓиевски и додава:

„Јас сметам дека овде треба да има една институција што ќе има одговорност. Тоа ќе биде многу посериозен пристап и многу помалку простор за маневар ќе има. Овде имате десет институции кои треба да ви дадат различни мислења“, вели Ѓорѓиевски.

Градоначалникот на Центар,Герасимовски е песимист дека тоа може да се случи набрзо бидејќи има многу испреплетени ингеренции.

„Тоа во моментов е невозможно, но и за во иднина е невозможно, поради тоа што имаме испреплетени закони и ингеренции на повеќе институции за постапување за одредени работи. Во делот на одговорноста на станбените единици е на сите жители кои што живеат во една зграда. Дополнително они имаат или куќни совети или управители кои што ги водат зградите. Имаме Закон за домување кој што треба целосно да го почитуваат. Но гледаме што се случува изминатите дваесет години. Имаме згради без хидранти, односно можеби има хидранти, фалат црева нема ПП апарати“, рече Герасимовски.

Тој потенцираше дека е невозможно дури и да се направат улици по законски параметри, бидејќи има маала каде при легализацијата на дивоградбите си пуштале по половина метар и зафаќале јавни површини. Рече граѓаните во гаражите чуваат зимница, а автомобилите им се на улица.

Дека има системски проблеми потврди и градоначалникот на Чаир, Ганиу.

„Има други пропусти во системот каде што ние можеме секогаш да бидеме на тапет и да се гониме како градоначалници. А не зависи се од нас бидејќи тие лиценци сосема од други институции се добива, но нормално како градоначалник ние имаме одговорност. Макар да тоа е и да не е правно, ние имаме морална одговорност ако се случи еден таков настан“, рече Ганиу.

Ганиу откри дека од девет училишта во Чаир, седум немаа имотен лист, биле изградени „на диво“, а се легализиираат и цели блокови на згради кои немале имотни листови. Вели ние сега поправаме една историја од 50 години која некој ја наметнал.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ САНДЕНС ЌЕ СЕ ПРЕСЕЛИ ВО БОУЛДЕР, КОЛОРАДО ПО 40 ГОДИНИ ОДРЖУВАЊЕ ВО ЈУТА

Следно

Поради ограничувањата на Израел, само 75.000 луѓе можеа да ја извршат последната петочна молитва за Рамазан во Ал Акса

Latest from Blog

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни

,,Доктор Филипче потпиша евтаназија на СДСМ‘‘

„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!‘‘. Оваа порака со која поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДСМ, Петре Шилегов

Зидан се појави на КАФ за да навива за својот син кој брани за Алжир

Легендарниот француски фудбалер, Зинедин Зидан, беше присутен на трибините на стадионот „Мулај Ел Хасан“ во Рабат на натпреварот меѓу Алжир и Судан на Купот на африканските нации. Причината е тоа што неговиот
Go toTop