Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

November 8, 2025
1 min read

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради растот на цените, пишува фински „Јле“.
Произведувачот „Панда“ соопшти дека прекинува со производство на своите слатки со ликер поради долгорочниот пад на побарувачка.

Компанијата „Оркла Финланд“, сопственик на брендот“, наведува дека просторот на полиците ќе го користи за нови производи.

Маркетиншкиот директор Веса Вајнио истакнува дека потрошувачите на слатки со ликер се генерално од постарата генерација и дека понудата на производите редовно се менува.

По објавата за прекинот на производството, слатките со ликер беа распродадени во фабричката продавница во Јивескили.

Менаџерката за комуникации Лота Роито рече дека пазарот за кондиторски производи во Финска веќе со години расте, а продажбата на чоколади, бонбони и слатки посебно се зголемила кај „Панда“.

Историчарката на храна Ритва Кили потсетува дека слатките некогаш биле наменети за возрасните и дека претставувале луксуз.

Дури кон крајот на 19-тиот век станале достапни и за децата.

Според неа, индустријата за слатки одиграла важна улога во формирањето на финскиот идентитет по стекнувањето на независност, бидејќи домашните фабрики ги замениле увозните руски производи.

Статистиката покажува дека Финците годишно трошат повеќе од милијарда евра на слатки.

Цените, особено на чоколадите, значително се зголемија, додека величината на чоколадните производи се намали.

Според Мико Квалајен од „С група“, најпродавани се мешаните бонбони и разни видови чоколади, а годишно се продаваат 30 милиони килограми слатки.

И „Лидл“ бележи раст во продажбата на кондиторски производи во последните 10 години.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Следно

Мало Густо со гол првенец, Челзи славеше против „волците“

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум
Go toTop