Трамп вели дека е можно следниот месец да се сретне со Путин

April 24, 2025
1 min read

Десетици загинати и ранети е билансот во руските напади со ракети и беспилотни летала врз Киев. Ова следува само неколку часа откако официјални претставници изјавија дека има напредок кон решавање на конфликтот за време на преговорите во Лондон меѓу претставници на САД, Европа и Украина.

Украинската државна служба за вонредни состојби соопшти дека 63 лица биле повредени, вклучувајќи шест деца. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува дека Русија е подготвена да стави крај на војната, додавајќи дека мора да се постигне договор со Зеленски.

„Мислам дека Русија е подготвена и многу луѓе рекоа дека Русија сака да се справи со сè. И мислам дека имаме договор со Русија. Мора да постигнеме договор со Зеленски. Мислев дека можеби ќе биде полесно да се справиме со Зеленски. Досега беше потешко. Но, мислам дека имаме договор и со двајцата.“ – Доналд Трамп претседател на САД.

Американскиот претседател го обвини Зеленски дека со неговото одбивање ја продолжува војната. „Ако го сака Крим, зошто не се бореа за него пред 11 години кога и беше предаден на Русија без ниту еден истрел?“, напиша Трамп. Оставката на украинскиот претседател Володимир Зеленски не е меѓу барањата на Русија, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. 

„Но, дури и ако договорот со Зеленски биде потпишан сега, подоцна во Украина може да се појават луѓе кои би можеле да го оспорат, доведувајќи го во прашање неговиот легитимитет,“ – Дмитриј Песков портпарол на Кремљ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го отфрли предлогот за Крим, рече дека емоциите „се зголемиле“ во Лондон, но дека е добро што претставниците на пет земји се сретнале. Претходно, светските медиуми објавија детали од планот на САД за ставање крај на војната во Украина кој вклучува неофицијално признавање на руската контрола врз речиси сите територии во Украина окупирани од почетокот на војната во 2022 година. Дополнително, на Украина ќе и биде вратен мал дел од територијата окупирана од Русија во Харков.

Според порталот Аксиос, нуклеарната централа Запорожје ќе се смета за украинска територија, но со неа ќе управуваат САД. Со електричната енергија произведена таму ќе се снабдуваат и Украина и  Русија. Според планот, влезот на Украина во НАТО повеќе не би бил можен.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Обршани

Следно

Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop