Трамп сака да повлече 20.000 американски војници од Европа

January 22, 2025
1 min read

АТИНА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп сака да повлече 20.000 американски војници од Европа, објавија денес италијанските медиуми, пренесува Анадолу.

Трамп планира да го намали присуството на американски војници во Европа за околу 20 отсто, односно за 20.000 војници, како дел од промените во однос на посветеноста на Вашингтон за заштита на Европа, објави државната италијанска новинска агенција АНСА, цитирајќи европски дипломатски извор.

„Понатаму, за оние што ќе останат, тој би сакал финансиски придонес од европските земји бидејќи овие војници се за одбрана, а трошоците за тоа не може да ги сносат само американските даночни обврзници“, рече изворот, цитиран од медиумот.

Во јули 2020 година, за време на неговиот прв мандат, Трамп најави дека САД ќе повлечат 12.000 војници од Германија како одговор на неуспехот на Берлин да ги исполни целите на НАТО за одвојување за одбраната.

Во февруари 2021 година претседателот Џо Бајден официјално го суспендира планираното повлекување на американските трупи од Германија.

Според податоците, на крајот на 2024 година приближно 100.000 американски војници од различни гранки се стационирани низ цела Европа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прилагодете ја брзината: Поради магла е намалена видливоста на овие патишта

Следно

Лазаров: Катар е борбена селекција, нè очекува ептен неизвесен натпревар

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop