Трамп повторно се закани – на одредени градови ќе им го одземе Мундијалот и Олимпијадата

October 15, 2025
1 min read
фото: Football Tweet (X)

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека ќе го одземе Светското првенство во 2026 година од демократските градови за кои вели дека не се доволно мирни и имаат висока стапка на криминал.

„Можеме да им го одземеме тоа. Ги сакам луѓето од Бостон. Знам дека билетите за игрите се распродадени, но имаат лош градоначалник“, рече претседателот.

Седум натпревари од Светското првенство во 2026 година се закажани да се одржат на стадионот Жилет во Фоксборо, југозападно од Бостон. ФИФА ги финализираше 16-те градови домаќини и распределбата на натпреварите уште во 2022 година.

„Одговорот е да, ако некој се справува лошо и мислам дека условите се небезбедни, ќе го повикам Џани Инфантино, кој е феноменален човек, и ќе му кажам: „Ајде да го преместиме ова некаде на друго место“. И токму тоа ќе го направи. Нема да му се допадне, но ќе го направи многу лесно“, додаде Трамп.

Во слична насока, американскиот претседател рече дека би можел да ги премести Олимписките игри во 2028 година од Лос Анџелес.

Светското првенство следната година ќе биде од 11 јуни до 19 јули.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинувајќи го снабдувањето со вода и електрична енергија

Следно

Оваа сабота REset & REtalks со Реплек и Елена Бубало: Вежбај, прашај и инспирирај се

Latest from Blog

Луфтханза им даде 24 часа на вработените да го напуштат Израел, утре ги откажува летовите

Германската авио-компанија Луфтханза им наредила на своите вработени да се подготват за напуштање на Израел и соопштила дека од утре ќе ги откаже сите летови кон и од земјата, пренесува израелскиот Канал

Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков истакна дека лидерската средба иницирана од претседателот на Владата, премиерот Христијан Мицкоски, претставува одговорен и државнички чекор насочен кон градење заеднички ставови за

Петта година по ред: Париз на врвот на светскиот градски туризам

Париз и официјално ја потврди својата позиција како најатрактивна градска дестинација во светот за 2025 година, според најновото издание на Top 100 City Destinations Index, кој секоја година го објавува реномираната аналитичка
Go toTop