Трамп нареди преместување на нуклеарните подморници по руските „провокативни изјави“

August 2, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во „соодветните региони“ како одговор на забелешките на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев за ризикот од војна меѓу нуклеарно вооружените противници, пренесува Ројтерс.

Безбедносните аналитичари го нарекоа потегот на Трамп реторичка ескалација со Москва, но не нужно воена, со оглед на тоа што Соединетите Држави веќе имаат подморници на нуклеарен погон кои се распоредени и способни да ја нападнат Русија.

Медведев изјави дека Трамп треба да запомни дека Москва поседувала капацитети за нуклеарен удар од советската ера како последно средство, откако Трамп му рекол на Медведев да „внимава на зборовите“.

„Врз основа на многу провокативните изјави на поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев… наредив две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во соодветните региони, за секој случај ако овие глупави и провокативни изјави се нешто повеќе од тоа“, рече Трамп во објавата на социјалните мрежи во петокот.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Денес се прославува Илинден – Денот на Републиката

Следно

Гаши: 2 Агуст е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

Latest from Blog

Тони не бара чудо, бара шанса: Потребна е итна поддршка за операција на мозок закажана за 29-ти овој месец

Тони Ташев од Велес, роден 1975 година, се соочува со сериозна здравствена состојба и има потреба од итна оперативна интервенција. Од 2018 година тој води борба со Oligodendroglioma frontoparietalis, тумор на мозок, поради

Лансирањето на американските акции на Binance веќе го надминува пазарот на токенизираните акции

Проширувањето на Binance кон американските акции брзо добива на размер и веќе го надминува постојниот пазар на токенизирани акции и по опфат и по трговска активност. Нов пазарен преглед на CoinDesk покажува

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,
Go toTop