Гаши: 2 Агуст е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

August 2, 2025
1 min read

Претседателот на Собранието Африм Гаши, во име на пратениците и Собранието на Република Северна Македонија, упати честитки по повод 2 Август – Денот на Републиката.

-Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество, вредности што денес претставуваат темел на нашето заедништво и на институциите на државата. Оваа дата не е само дел од историјата на државата, туку и обврска да ја зачуваме и понатаму да ја унапредуваме визијата за современа држава насочена кон мир, напредок и евроатлантска интеграција. Нека овој ден биде поттик за размислување за заедничкиот пат што го изградивме како држава и како општество, како и за понатамошно охрабрување на меѓусебното разбирање, соработка и посветеност кон доброто на татковината, без разлика на етничките, верските или политичките разлики, стои во честитката од претседателот на Собранието Африм Гаши.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп нареди преместување на нуклеарните подморници по руските „провокативни изјави“

Следно

Почина затвореник од Идризово – бил донесен во болница во тешка здравствена состојба

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матичната комисија во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На
Go toTop