Трамп му честита на турскиот претседател Ердоган за „добро заслужената победа“

May 29, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп му честита на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за неговата „добро заслужена победа во вториот круг од претседателски избори“ што се одржаа денес, пренесува Анадолу.

„Честитки до претседателот Реџеп Таип Ердоган за неговата голема и добро заслужена победа во Туркије“, порача Трамп преку својата медиумска платформа „Truth Social“.

„Добро го познавам, тој е пријател и од прва рака видов колку ги сака својата земја и големиот народ на Туркије, кој го подигна на ново ниво на проминентност и почит“, напиша Трамп.

Ердоган е реизбран за претседател на Туркије во вториот круг од изборите, соопшти претседателот на Врховниот изборен совет на Туркије (ЈСК), Ахмет Јенер.

За новинарите во главниот град Анкара, Јенер изјави дека Ердоган ја добил претседателската трка над својот противкандидат од опозицијата Кемал Киличдароглу во вториот круг избори.

Според неофицијалните резултати, актуелниот турски претседател победи на изборите со освоени 52,14 отсто од гласовите, додека Киличдароглу освои 47,86 отсто, истакна Јенер, додавајќи дека досега се отворени 99,43 отсто од гласачките кутии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Црна Гора планира да изгради државен центар за податоци

Следно

Бајден: Постигнат е договор за зголемување на лимитот за задолжување, сега на ред е Конгресот

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop