Трамп: Можеби треба да им се одземат лиценците на телевизиите кои ме критикуваат

September 19, 2025
1 min read

Откако телевизиската мрежа ABC ја повлече вечерната емисија на Џими Кимел поради критики за однесувањето на највисоките претставници на американските власти по убиството на 31-годишниот конзервативен активист Чарли Кирк, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби“ на сите телевизиски мрежи што го критикуваат треба да им се одземат лиценците.


„Некаде прочитав дека 97 проценти од мрежите беа против мене. Да повторам: 97 проценти беа негативни за мене, а сепак лесно ги освоив сите седум „неизвесни“ држави“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Air Force One“, враќајќи се од Велика Британија.

„Тие медиуми ме прикажуваат само во лошо светло, а тие ја добиваат лиценцата. Мислам дека можеби нивната лиценца треба да се одземе“, додаде претседателот.


Телевизиската мрежа ABC, во сопственост на Дизни, објави дека ја суспендира вечерната ТВ емисија на Џими Кимел на неодредено време поради неговите коментари за реакцијата на Трамп и неговите поддржувачи на убиството на Чарли Кирк, нарекувајќи ги „банда“.

„Бандата MAGA (скратено од Make America Great Again) очајно се обидува да го прикаже овој човек што го уби Чарли Кирк како некој друг освен како еден од нив, и прават сè што можат за да освојат политички поени“, рече водителот Кимел во емисијата претходно оваа недела.


Кимел посочи дека осомничениот за убиството на Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, бил поддржувач на Републиканската партија на Трамп, иако властите во Јута рекоа дека осомничениот бил „индоктриниран со левичарска идеологија“.

ABC ја повлече емисијата на Кимел по заканите со санкции од Федералната комисија за комуникации (FCC).

Во емисијата на 15 септември, 57-годишниот Кимел му се потсмеваше на Трамп, велејќи дека неговата реакција на убиството на Кирк била „како четиригодишно дете кое тагува по златна рипка“.

По убиството, Кимел го осуди злосторството на својот Инстаграм профил.

Во разговор за „Фокс њуз“, претседателот на Федералната комисија за комуникации, Брендан Кар, рече дека приказната не завршува со суспензијата на Кимел.

„Ќе продолжиме да вршиме притисок врз радиодифузерите кои се одговорни за јавниот интерес“, рече тој.

„И ако на радиодифузерите не им се допаѓа, можат да ја достават својата лиценца до FCC.“


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење: Состојба на патиштата во Македонија

Следно

Конте: Против Манчестер Сити тешко е со 11, а не пак со 10 играчи на терен

Latest from Blog

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop