Трамп: Ќе повикам на национално единство, ова е можност да се обедини целата земја, дури и целиот свет

July 15, 2024
1 min read

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го даде своето прво интервју откако преживеа обид за убиство на предизборен митинг одржан во Пенсилванија, но и во која насока ќе оди неговата политичка кариера во иднина.

Во интервју за „Њујорк пост“, Трамп изјави дека сакал да го продолжи говорот и по пукањето во Пенсилванија, но дека Тајната служба инсистирала тој да ја напушти сцената и да оди во болница да се лекува бидејќи крварел. 

„Не треба ни да бидам овде, треба да бидам мртов. За среќа, сè уште сум тука. Ова е можност да се обедини целата земја, дури и целиот свет.“ – изјави Трамп.

Трамп ја продолува претседателската кампања, но, вели дека целосно го променил текстот на говорот што ќе го одржи на Републиканската национална конвенција во Милвоки и дека сака да го искористи овој историски момент за обединување на државата. Американскиот претседател Џо Бајден во обраќање до нацијата побара умереност во изборната кампања.

Ние разликите ги решаваме на гласачките кутии. Така го правиме тоа – со гласачката кутија, а не со куршуми. Политичката дебата во земјата стана многу вжештена. Време е да ја оладиме. Сите имаме одговорност да го направиме тоа“. Нема место за ваков вид насилство во Америка, без исклучок. Ние не сме непријатели.“ – изјави Бајден.

На противкандидатот на Бајден, Доналд Трамп, беше пукано за време на предизборниот говор во сојузната држава Пенсилванија. Трамп беше повреден, а сторителот, 20-годишниот Томас Метју Крукс бил убиен од безбедносните сили. Тој претходно застрелал пожарникар кој бил присутен на настанот а двајца други присутни беа сериозно повредени. Светот реагираше со згрозеност од она што се случи во САД и стравува од спирала на политичко насилство во таа земја.

По нападот, се поставуваат прашања дали настанот и Трамп биле соодветно заштитени. Бајден најави независна истрага за да се разјасни што точно се случило.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије испрати 2 авиона и 1 хеликоптер за да ѝ помогне на Северна Македонија во борбата против шумските пожари

Следно

Средба на ревизорите со пратениците

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно
Go toTop