Трамп ја укинува финансиската поддршка за ЈАР поради наводни злоупотреби

February 3, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го прекине целото идно финансирање за Јужноафриканска Република (ЈАР), сè додека не се спроведе истрага за, како што рече, „многу лошиот третман“ на „одредени групи луѓе“.

„ЈАР конфискува земјиште и одредени групи луѓе ги третира многу лошо“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл, без да приложи докази за тврдењата.

„САД нема да го толерираат тоа, ќе преземеме мерки. Покрај тоа, го прекинувам целото идно финансирање за Јужна Африка додека не биде спроведена целосна истрага за оваа ситуација“, додаде тој

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сузбиена меѓународна криминална група инволвирана во фалсификување пари, приведени 10 лица

Следно

Руте: Новата цел за одбранбени трошоци ќе биде многу повисока од два отсто од БДП

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop