Трамп ја укина наредбата за пријава на кршење на меѓународното право со оружје испорачано од САД

February 25, 2025
1 min read

Администрацијата на Трамп ја укина наредбата од времето на Бајден со која се бараше да се пријават потенцијални прекршувања на меѓународното право поврзани со оружје што Америка им го доставила на сојузниците, вклучително и Израел, информираа двајца американски функционери.

Станува збор за Меморандумот за национална безбедност-20, кој поранешниот претседател Џо Бајден го потпиша во февруари 2024 година во екот на критиките поради употреба на американски бомби од страна на Израел во војната во Газа.

Меморандумот бараше американската влада да подготви извештај за Конгресот за употребата на американско оружје од страна на други земји.

Од администрацијата на Трамп ќе се бараше во наредните месеци да поднесе извештај до Конгресот за сопствената проценка за однесувањето на Израел.

Американскиот сенатор Крис Ван Холен од Мериленд, клучен застапник за конгресен надзор на продажбата на американско оружје, рече дека одлуката за отповикување е „срамна“.

– Тоа е лоша услуга за нашата национална безбедност, глобалните човекови права и нашата положба во светот, рече Ван Холен.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скај Спортс го прогласи Роналдо за најплатен спортист минатата година

Следно

Муртезани оствари средба со европратеникот и известувач на ЕП за Македонија

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop