Муртезани оствари средба со европратеникот и известувач на ЕП за Македонија

February 25, 2025
1 min read

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утрово оствари средба со австрискиот европратеник Томас Вајц, новоименуваниот известувач на Европскиот парламент за Македонија.

Средбата се одржа во пресрет на 23-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија-Европската Унија, кој претставува важна можност за продлабочување на дијалогот и зацврстување на заедничката заложба за европската иднина на земјата. Муртезани и Вајц укажаа на значењето на овој форум како простор за конструктивна размена на ставови и унапредување на соработката, со цел побрза интеграција на Македонија во Европската Унија.

Во фокусот на разговорот беа Реформската агенда и Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан, како двигатели на евроинтегративниот процес. Министерот Муртезани истакна дека Македонија останува посветена на клучните реформи во владеењето на правото, борбата против корупцијата и економскиот развој, нагласувајќи дека овие напори се од суштинско значење за напредокот во пристапните преговори. Европратеникот Вајц ја потврди поддршката на Европскиот парламент, нагласувајќи дека доследното спроведување на реформите ќе биде клучен фактор во следната фаза од процесот.

Посебен акцент беше ставен и на Зелената агенда, при што Вајц го поздрави ангажманот на Македонија за одржлив економски раст и енергетска независност преку зелени иницијативи. Беше истакнато дека Европската Унија, преку Планот за раст и други механизми за финансиска поддршка, ќе продолжи да ја поддржува земјата во спроведувањето на реформските приоритети.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп ја укина наредбата за пријава на кршење на меѓународното право со оружје испорачано од САД

Следно

СДСМ ќе му достави документи на премиерот Мицкоски за работата на Меџити

Latest from Blog

Остра реакција на Исланд поради објавата на Трамп- повикан на разговор американскиот амбасадор

Исланд го повика американскиот амбасадор во Рејкјавик на разговори откако претседателот Доналд Трамп објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа Исланд и други земји под знамето на САД, објави исландскиот

Коњановски: Да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на слобода и правда

БИТОЛА – По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, денеска бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ во Битола. Почит на значајниот датум од македонската историја оддадоа градоначалникот на Општина

Британија сака да го санкционира Израел, од таму одговорија: Ќе ги признаеле Фокландските острови за аргентински

Реакцијата следеше по медиумските извештаи дека Лондон се подготвува да воведе нов пакет санкции против Израел. Остри одговори од израелските министри Министерот за финансии Безалел Смотрих побара итно протерување на британскиот амбасадор.

Проданоски: Со дела, а не само со зборови, ја градиме Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, одбележувајќи 35 години од историската одлука на граѓаните за независна, суверена и слободна држава.
Go toTop