Трамп: Иранските ракети во голема мера се уништени

March 6, 2026
1 min read

„Веќе го нема нивното противвоздушно оружје. Значи, тие немаат воздухопловни сили. Тие немаат воздушна одбрана. Сите нивни авиони се исчезнати“, рече Трамп.

Американскиот претседател додаде дека се уништени 60 отсто од иранските ракети и 64 отсто од нивните лансери, додаде германската агенција.

„Штом ќе лансираат ракета, во рок од четири минути, лансерот е погоден“, рече тој.

Информацијата не можеше независно да биде потврдена. Заедно со нуклеарната програма и морнарицата на Иран, Вашингтон претходно ја идентификуваше ракетната програма на земјата како клучна воена цел.

Адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД (CENTCOM) кој ги надгледува воените операции на Блискиот Исток, на паралелна прес-конференција изјави дека Иран сега испукува значително помалку ракети.

„Ако само се осврнам на последните 24 часа од операцијата, во споредба со тоа каде бевме на почетокот, нападите со балистички ракети се намалија за 90 отсто од првиот ден“, рече Купер.

„Нападите со беспилотни летала се намалија за 83 отсто од првиот ден“, додаде тој, пренесе ДПА.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Магла на неколку патни правци, во прекин товарниот сообраќај на ГП Деве Баир

Следно

ВЛЕН: Инвестиција од еден милион евра за нов базен и развој на пливањето во Чаир

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop