Трамп го именуваше Скот Бесент за челник на Министерството за финансии

November 23, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа објави дека Скот Бесент, извршниот директор на хеџ-фонд и главен собирач на средства за неговата кампања, е неговиот избор за водечката позиција на Министерството за финансии, пренесува Анадолу.

Трамп на својата платформа на социјални мрежи „Truth“ рече дека Бесент ќе му помогне да „воведе ново Златно доба за Соединетите Американски Држави“.

„За разлика од минатите администрации, ќе обезбедиме ниту еден Американец да не остане назад во следниот и најголем економски бум, а Скот ќе ги води тие напори за мене“, рече Трамп.

„Скот ќе ги поддржи моите политики кои ќе ја поттикнат конкурентноста на САД и ќе ја запрат неправедната нерамнотежа во трговијата, ќе работи на создавање економија што го става растот на преден план, особено преку нашата претстојна енергетска доминација во светот“, рече Трамп.

Бесент (62), основачот на хеџ фондот Ки Сквер Капитал Менаџмент, го советуваше Трамп за економската политика на кампањата.

Бесент контролира бизниси во различни индустрии, меѓу кои земјоделството, угостителството, издаваштвото и недвижниот имот, со искуство од над 35 години во бизнисот за управување со инвестиции, се наведува во објавата.

Предлогот за Скот Бесент треба да биде потврден од Сенатот пред тој да ја преземе функцијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Три години од трагичната АВТОБУСКА НЕСРЕЌА во Бугарија во која загинаа 45 лица од Македонија

Следно

СДСМ утре на 30-тиот Конгрес на партијата ќе избира ново раководство

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу
Go toTop