Вечерва нашите репрезентативци го одработија првиот тренинг во пресрет на мечот со Малта, првиот од квалификациите за ЕВРО 2024, кој се игра на 23 март на Арената во Скопје. Се разбира дека вечерва на теренот на ФФМ беа само дел од играчите, утре би требало да се комплетира националниот тим..
Александар Трајковски пред дуелот со Малта изјави и воопшто за стартот на квалификациите:
“Имаме нов циклус, навистина се најдовме во тешка група, ја прифаќаме секоја околност и група. Денеска нема аутсајдери сите играат фудбал, сите трчаат, не можеме да кажеме дека ќе биде лесно, не смее да кажеме дека ќе биде лесно. Ќе се подготивме добро, фаворити сме, нашето да го дадеме нашиот максимум против Малта, бидејќи првиот меч е важен во овој циклус, па понатаму здравје да правиме подобри резултати“посочи Трајковски.
Херојот од Палермо кој денеска пристигна од С. Арабија кажа дека убаво е тоа што првиот меч се игра на свој терен:
“Убаво е што ќе почнеме на домашен терен, се надевам дека навивачите ќе дојдат во поголем број. Ние треба да покажеме добра игра на терен, а потоа фановите ќе доаѓаат во поголем број. Фоксуот е на три бода, нема да бидеме задоволни со друго сценарио. Трите бода ќе бидат важни на почетокот на овој циклус“ заврши Трајковски.
ИЗВОР: kurir.mk