Трајковски пред дуелите со Белгија и Казахстан: Сите ќе мораме да го дадеме максимумот

May 29, 2025
1 min read

Македонската фудбалска репрезентација денеска го имаше првиот собир во пресрет на јунските дуели против Белгија и Казахстан во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Во воведните две кола во групата Ј, избраниците на селекторот Благоја Милевски освоија четири бодови, откако триумфираа над Лихтенштајн на гостински терен, а одиграа нерешено против Велс во Скопје.

Напаѓачот Александар Трајковски смета дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот.

„Сега е крајот на сезоната, завршуваме во клубовите, но овој циклус е многу важен за нас и мора максимално да се фокусираме на овој циклус. Првиот меч ни е дома со Белгија, потоа одиме во Казахстан, мислам дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот. Можеби е тешко затоа што е крај на сезона, но по овие два меча може да се одмориме. Се надевам на најдоброто. Почнавме добро, се надевам дека со Белгија ќе покажеме поголема концентрација до крајот на мечот, да извлечеме поука од тој меч со Велс“, изјави Трајковски.

Македонија на 6 јуни ја пречекува Белгија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а три денови подоцна гостува на Казахстан. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ивановски: Железницата е мета на организиран криминал, пругата Табановце – Гевгелија ќе чини над 2 милијарди евра

Следно

Изложба „Од ризницата на македонското Собрание“, уметнички архив и сведоштво за поврзаност меѓу уметноста и државата

Latest from Blog

Димовски: Колку повеќе си ја цениме и чуваме историјата, толку повеќе се штитиме од сите притисоци и предизвици што се пред нас

Колку повеќе си ја цениме и чуваме историјата, толку повеќе се штитиме од сите притисоци и предизвици коишто се пред нас, а ги има. Единственото оружје, со коешто можеме да се одбраниме

Проданоски: Општината е дом и за најмладите

Кабинетот на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше исполнет со детска љубопитност и насмевки, откако во посета пристигнаа четвртоодделенци кои, во рамки на наставната програма, учат за локалната самоуправа и
Go toTop