Ивановски: Железницата е мета на организиран криминал, пругата Табановце – Гевгелија ќе чини над 2 милијарди евра

May 29, 2025
1 min read

Само изградбата на брзата пруга од Табановце до Гевгелија, ќе чини околу 2 милијарди евра, но ќе требаат уште пари за набавка на нови возови, а плус ќе чини и експропријација на земјиштето. Ова во емисијата Бизнис 21 го кажа директорот на Железници „Инфраструктура“ Синиша Ивановски кој рече дека нема проценка колку вкупно би била целата инвестиција. Ивановски нема информација ни колкава е каматата за заемот за пругата, од 2 милијарди евра од Обединетото кралство, од каде вкупно ќе се задолжиме 6 милијарди евра.

„Од аспект на директор на инфраструктура, навистина се држам до сферата која ја покривам и немам лични познавања околу заеми околу позајмици. Тоа претпоставувам дека Министерството за финансии заедно со Министерството за транспорт, како процес го водат“, рече Ивановски.

Пругата пак кон Бугарија и по 30 години е заглавена во ќор-сокак. Ивановски не прецизираше дали и кога ќе се заврши. Она што се знае е дека за трите дела од проектот ќе се платат околу 800 милиони евра.

„Она што јас во моментов го правам, онаму каде што има позиции на неквалитетна градба, јас ги терам тие да ги рушат. Колку сака пари нека ги чинат нека си рушат.“, изјави Ивановски.

Но, голем проблем за Железницата, според директорот, е што е мета на крадци.

„Многу кабли има покрај пругите. Овие што крадат копаат по еден метар под земја и од 8-9 кабли они го земаат баш оној кабел кој не е под електричен напон.. А како знаат дека не е? Како знаат? Затоа велам организиран криминал.“, вели Ивановски.

Ивановски најави дека ќе побара измени во Кривичниот законик, за построги санкции на крадците кои ја загрозуваат безбедноста на железничкиот сообраќај.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НИЗ 160 ДЕЛА НА МАКЕДОНСКИТЕ СЛИКАРИ ПРЕТСТАВЕНА БОРБАТА ЗА ДРЖАВАТА НА РЕТКА ИЗЛОЖБА ОД КОЛЕКЦИЈАТА НА СОБРАНИЕТО (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Следно

Трајковски пред дуелите со Белгија и Казахстан: Сите ќе мораме да го дадеме максимумот

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop