Изложба „Од ризницата на македонското Собрание“, уметнички архив и сведоштво за поврзаност меѓу уметноста и државата

May 29, 2025
1 min read

Во Собранието денеска беше отворена изложбата „Од ризницата на Македонското собрание“, која претставува избор од највредните уметнички дела кои се дел од колекцијата на законодавниот дом.

Од вкупно 160 уметнички дела кои се наоѓаат во колекцијата на Собранието, на оваа изложба во Кристалната сала беа изложени 22 дела на основоположници на современата македонската уметност, првата генерација академски образовани македонски сликари и скулптори кои ги поставија темелите на модерната македонска уметност како што се Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Љубомир Белогаски, Димитар Аврамовски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Борко Лазески, Ејуп Омер, Василие Поповиќ Цицо, Бранко Костовски, Боро Митриќески и Петар Мазев.

Преку портрети, пејзажи, сцени од секојдневниот живот и експресивни композиции, овие уметници го пренесуваат духот на времето, борбата за културен идентитет и неговото оформување, станувајќи темел на националната свест и стремежот кон уметничка слобода.

Изложбата ја отвори претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој истакна дека оваа збирка не е само уметнички архив, туку сведоштво за една длабоката поврзаност меѓу уметноста и државата, помеѓу индивидуалниот израз и колективното претставување.

„Оваа изложба фрла светлина врз едно богатство што досега било заштитено од очите на јавноста, но кое го одржува жив креативниот дух во ѕидовите на највисоката претставничка институција во нашата земја. Секое дело, секоја боја, секоја линија на оваа изложба претставува едно чувство, една епоха, еден глас што зборува во име на едно време и еден идеал. Бидејќи во времиња на технолошки промени, уметноста претставува стабилност. Во времиња на несигурност, уметноста е патоказ. Токму затоа е важно да ја зачуваме, да ја вреднуваме и да ја негуваме уметноста, затоа што таму каде цвета уметноста, цвета и духот на еден народ“, истакна Гаши.

Како што се посочува во соопштението од Собранието, Гаши порачал дека Собранието не е само простор на политичко одлучување, туку и храм во кој се чуваат и се негуваат најдобрите духовни, естетски и уметнички вредности на општеството. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајковски пред дуелите со Белгија и Казахстан: Сите ќе мораме да го дадеме максимумот

Следно

Белата куќа му се заблагодари на Илoн Маск за неговата работа

Latest from Blog

„ПОЛИТИКО“ – ЦРНА ГОРА И ИСЛАНД МОЖАТ ЗАЕДНО ВО ЕУ – Брисел отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи

Највисокиот исплатен К-15 е 469.190 денари, задолжителниот минимум е 19.567

Само 15 отсто од вработените земале регрес за годишен одмор заклучно со први јули. Просечниот нето-износ на исплатен регрес изнесува 28.562 денари. Оние работодавачи во приватниот сектор што сега исплатуваат регрес за

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во јули се намали на 2,3 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека најновите податоци за инфлацијата се потврда дека економските политики што ги спроведува Владата даваат резултати и придонесуваат за стабилизирање на економските текови. Според податоците на

Лидс плати рекордна сума за голманот на Манчестер Сити

Лидс Јунајтед официјално го потпиша голманот Џејмс Трафорд од Манчестер Сити, поставувајќи нов клупски рекорд за трансфер. Договорот е вреден 40 милиони фунти, вклучувајќи ги и дополнителните бонуси. Оваа сума го надминува

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот
Go toTop