Трајановски поднесе оставка од функцијата заменик-градоначалник на Скопје – Град Скопје: Тој е разрешен пред три месеци

February 27, 2025
1 min read

Александар Трајановски си поднесе оставка на функцијата заменик-градоначалник на Град Скопје. Тоа го стори на денешната седница на советот.

Тој ја обвини градоначалничката Арсовска дека се грижи единствено за „кланот Сарај“, кажувајќи дека единствено се грижи само за Сарај, и дека сите директори на јавните претпријатија доаѓаат од Сарај.

Исто така имаше замерки и за отказот на Косана Мазнева, која според него „се осмелила да се соочи против бандата од Комунална Хигеана“.

„Мазнова беше наградена со отказ, а денеска од екипата од Сарај назначува директори. Од кал да е, од Сарај да е“, рече Трајановски.

Во меѓувреме се огласија од Град Скопје, и демантираат дека Трајановски со поднел оставка, односно велат дека е разрешен пред 3 месеци.

„Лицето Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци. Имено, истиот е разрешен од функцијата на  19.12.2024 година. 

Оттука, нејасно е од која функција си дава оставка ова лице. Трајановски е разрешен од функцијата поради нарушување на угледот на град Скопје, неизвршување на своите задачи и неисполнување на својата функција како заменик градоначалник. Поточно, ова лице нема вкупно 3 активни минути на својата функција.“, велат од Град Скопје.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗНМ и ССНМ: Осуда за малициозното таргетирање на новинари и медиуми од Драган Павловиќ Латас

Следно

Лефков: Дебакл на СДС, Филипче не знае што му подметнуваат, а партијата спинува со изјави стари 2 години

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop