Трајанов: Како држава да бидеме претпазливи, посебно службите за безбедност, со цел да се превенираат можни настани како во Израел

October 14, 2023
1 min read

реклама


 Како држава треба да бидеме многу внимателни и претпазливи, посебно службите за безбедност, за разузнување и контраразузнување, да бидат во мобилна состојба, да соработуваат со странските разузнувачки служби, со цел да се превенираат евентуални такви можни настани. Не верувам дека во таков карактер и обем може да се случат настани како во Израел со нападот од Хамас, изјави лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов вечерва во вестите на Сител телевизија, одговарајќи на прашањето дали има опасност во земјава од такви акции од страна на исламски радикали.

Во однос на нашиот став како држава, Трајанов вели дека како партија морало да повикаат на јасен став и за осуда на такво, како што рече, крваво насилство. 

реклама

–  Државниот врв тој ден беше заспан или се криеја како глувци. Мораше како партија да реагираме, да ги повикаме дека треба да имаат јасен став. Такви настани мора секоја држава да ги осуди, бидејќи такво крвавото насилство е за осуда, рече Трајанов, додавајќи дека како партија исто така реагирале бидејќи, како што вели, бавно одело извлекувањето на нашите граѓани од Израел.

– Добро е што државата се вклучи. Ставот е согласно НАТО и ставот на САД. Сите се веќе мобилизирани, стравуваат од можни вакви настани, од крваво сценарио и ние како држава, како членка на НАТО мора да бидеме крајно внимателни и претпазливи и да се мобилизираат сите капацитети, порача Трајанов во вестите на ТВ Сител.

реклама

Според него, службите за безбедност мора да превенираат, да соработуваат и да бидат во комуникација со службите на НАТО.

– Одговорноста е голема. Во една ваква ситуација нашиот систем за следење на комуникациите нема кој да го раководи. Во овие ситуации, се користат сите можни системи за превенирање за да не дојде до тоа. Треба да се направи се, прво преку медиумите, партиите, верските заедници да делуваме на одвраќање на вакви активности, посочи лидерот на ДС за опасноста од верски екстремизам и лицата што биле дел од боиштата како дел од странска парамилитарна војска.

реклама

За Законот за амнестија, вели дека не прави селекција за одреден дел на кривични дела.

-Тој нема проценка кои се лицата и за кого важи. Но сепак, законот нема да помине во Собрание. Опозицијата најавува дека ќе го блокира и ќе следат голем број амандмани, рече меѓу другото Трајанов.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Блиску сме до 61 пратеник

Следно

Џафери: Потребно визијата за иднината на Европа да се претвори во дело

Latest from Blog

Јувентус и Борусија (Д) во финална битка за Волтемаде

фото: Newcastle United (X) Јувентус е во преговори со Њукасл Јунајтед за ангажман на германскиот напаѓач Ник Волтемаде на позајмица. Според италијанските медиуми, клубовите разговараат за едногодишна позајмица со надомест од околу

Иран ги нападна американските воени бази во Јордан- Трамп се закани со одмазда

„Ќе ги погодиме силно. Ќе има одговор“, потврди Трамп во телефонски разговор со Треј Јингст од Фокс њуз. Тој истакна дека американските системи за воздушна одбрана ги пресретнале сите освен една од

Меси го објави своето повлекување од репрезентацијата на Аргентина

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси објави дека ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да игра за Аргентина. Капитенот на „гаучосите“ одлуката ја соопшти преку емотивна порака на социјалните мрежи, по повеќе од 20

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници – Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална

Коњановски: Битолските училишта подготвени за новата учебна година

Училиштата во Општина Битола се целосно подготвени за утрешниот почеток на новата учебна 2026/2027 година, информираше денеска градоначалникот Тони Коњановски на прес-конференција. Коњановски истакна дека во текот на летниот распуст се реализирале
Go toTop