ТРАГИЧНА СУДБИНА НА АКТЕРОТ ЏЕЈМС РЕНСОН Си го одзел животот по години борба со зависност и трауми од детството

December 22, 2025
1 min read

Светските
медиуми јавуваат за смртта на американскиот актер Џејмс Ренсон, кој извршил
самоубиство со бесење. Веста првично ја објави TMZ, а подоцна беше потврдена и
од Канцеларијата на медицинскиот испитувач на округот Лос Анџелес. Полицијата
интервенирала во неговиот стан, но не биле пронајдени траги на криминална
активност.

Ренсон беше
најпознат по улогата на Зиги Соботка во култната серија „The Wire“, со која во
2003 година стекна широка популарност. Публиката го памети и по улогата на Еди
Каспбрак во хорор-филмот „Тоа: Второ поглавје“, снимен според романот на Стивен
Кинг. Во текот на кариерата се појави во бројни телевизиски и филмски проекти,
често толкувајќи комплексни и психолошки тешки ликови.

Актерот е
роден на 2 јуни 1979 година во Балтимор, во семејство со мешано европско
потекло. Во повеќе интервјуа отворено зборуваше за тешкото детство и проблемите
со прилагодување во младоста. Во раните години се соочувал со тешка зависност
од хероин, но успеал да се рехабилитира и од 2007 година живеел трезен живот.

Во мај 2021
година, Ренсон јавно проговори за сексуално злоставување кое го доживеал како
дете од страна на негувател. Иако случајот бил пријавен кај надлежните
институции, истрагата не резултирала со обвиненија.

Во
приватниот живот, Ренсон беше оженет и татко на едно дете. Во последните години
живеел повлечено и внимателно ги бирал своите проекти. Неговата нето-вредност
се проценува на околу 1,5 милиони долари.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сѐ повеќе луѓе ги минуваат празниците сами! Празничните очекувања водат до стрес и традициите се менуваат

Следно

ФФМ избра: Гоце Седлоски ќе ја предводи македонската репрезентација

Latest from Blog

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи
Go toTop