Тошковски во офанзива против трулите јаболка во полицијата – Според Ѓурчески, Спасовски ја претворил внатрешна контрола во монструм сектор

November 9, 2024
1 min read

На трулите јаболка, како што ги нарече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во системот на МВР, им се поднесуваат кривични пријави согласно доказите од истрагите кои се водат во Министерството.

Тошковски, во гостување во Алфа телевизија, истакна дека Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството, е еден од секторите кои макотрпно работат и даваат одлични резултати споредено со претходно.

-Полека полека се шири перцепцијата дека не може да се злоупотребува значката и полициските овластувања и тоа е добро. Значи се движиме во правилна насока од тој аспект, изјави Тошковски.

Во изјава за Курир, експертот за криминалистика и поранешен началник во МВР Љубомир Ѓурчески, ги анализираше состојбите во Секторот и последните спроведени акции, во кои од другата страна на законите се најдоа и поранешни полициски службеници.

Смета дека корупцијата во изминатите седум години го разградила МВР, а криминалци биле поставувани на функции.

-Во 2017 година Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди се претвори во монструм сектор. Имаше постојан притисок врз полициските службеници. Криминалците се жалеа, огромен број на пријави, полицајците се плашеа. Спасовски го направи СВКПС плашило кон полициските службеници да не применуваат овластувања согласно законот, вели Ѓурчески.

Потсетува и на случајот со „пајакот“ и полициската службеничка, додавајќи дека тогаш СВКПС наместо да ја заштити полицајката, го ослободи криминалецот. Екс началникот вели дека политиката во никој случај не треба да се става над законите.

Ѓурчески го повтори неговиот став дека Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди треба да се расформира, да се постави цивилна контрола врз силата, да се вклучат и граѓаните, новинарите. По однос на МВР, нагласува дека потребни се и суштински реформи, како и поставување на соодветно обучени кадри со соодветно образование и стручност. Верува дека новиот министер ќе работи кон подобрување на состојбите во министерството.

-Очекувам реално да ја вратат професионализацијата во МВР и довербата на граѓаните во институцијата. Дојдено е време, мора нешто да се прави, да се подобрат состојбите. Вака не оди веќе, ако сакаме да бидеме држава, вели тој.

Ѓурчески очекува дека истрагите ќе продолжат во иднина. Смета дека во моментот, истражните органи работат внимателно, а министерот во јавните настапи ја штити истрагата.

Поранешниот началник напомена и дека важна улога во овие случаи има и обвинителството, а институцијата треба да покаже дека не е неефикасна како во минатото.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ИЈЗ: Три нови случаи на голема кашлица во Македонија

Следно

Скопје на седмо место по загаденост во светот

Latest from Blog

Мицкоски: Време е сите граѓани без разлика на етничка припадност, заедно да изградат општество на еднаквост и соживот

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил сподели објава во која напиша дека присуствувал на настан по повод 23 мај, денот на влашката заедница и додаде дека е време сите граѓани без

ЕУ ќе ја зајакнува македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

Поддршката од ЕУ, но и нашите сојузници се должи на нашата искрена посветеност, подготвеност и професионалност да одговориме на зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на регионот и пошироко. ЕУ ја препозна

Венс: Трамп ќе употреби воена сила само ако има јасни цели

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, им рече на дипломираните студенти на Поморската академија во Анаполис дека претседателот Доналд Трамп работи на тоа да обезбеди американските трупи да интервенираат во странство само ако

Мотоцикл удри во столб во Скопје, возачот и сопатникот починале на лице место

Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје, откако мотоцикл излетал од коловозот и удрил во

Првата дама на Турција на затворањето на Меѓународниот форум за семејство

ИСТАНБУЛ (АА) – Првата дама на Турција, Емине Ердоган, присуствуваше на церемонијата на затворање на Меѓународниот форум за семејство во Истанбул и разгледа неколку изложбени штандови, јавува Анадолу. Ердоган беше пречекана од
Go toTop