Тошковски синоќа на терен со полициските службеници од СВР Скопје, за осум часа 155 сообраќајни прекршоци

July 25, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа беше во посета на терен на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје за време на спроведувањето на засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”.

Сообраќајната контрола, како што соопшти МВР, била спроведена во периодот од 17:00 до 01:00 часот на територија на општина Аеродром во Скопје, при што акцентот бил ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.  

За време на контролата биле преземени мерки против 155 учесници во сообраќајот, од кои 51 санкција за возачи на мотоцикл.

МВР нагласи дека од нив седум биле за возење мотоцикл без возачка дозвола, 25 санкции за возење без заштитна кацига, три мерки за возење мотоцикл без положен испит, осум санкции за возење мотоцикл во несоодветна категорија,  две мерки за минување со мотоцикл на црвено светло, три санкции за непочитување на даден знак Стоп од полициски службеник, одземени се два мотоцикли поради истечена важност на сообраќајна дозвола повеќе од шест месеци…

Министерот Тошковски посочил дека значителен дел од прекршителите се млади лица кои управуваат со мотори, скутери и електрични тротинети без соодветна заштитна опрема.

-Во таа насока, важно е секој од нас, особено родителите, да биде свесен за одговорноста што ја има во поттикнување на безбедносна култура уште од најрана возраст, истакнал министерот за внатрешни работи Тошковски, упатувајќи апел до возачите на мотоцикл секогаш за носат заштитна кацига.

Тој додал дека акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет, апелирајќи до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да придонесат за побезбедни  патишта.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Демонстранти во Холандија удирајќи со лажици по тави протестираа поради гладот во Газа

Следно

ФОТО: Нема веќе чување место, туристи останаа без пешкири и лични лежалки на Халкидики

Latest from Blog

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран

Советот на Прилеп одвои 14,5 милиони денари за спортот и граѓанскиот сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки
Go toTop