Тошковски се извини на велешани за затворањето на мостот во Башино село за реконструкција, полицијата ќе обезбеди проток во сообраќајот

January 3, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со премиерот на Владата Христијан Мицковски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски, градоначалникот на Велес Марко Колев и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски беа на увид на состојбата на мостот кај Башино село. Целта на посетата беше да се координира брза на институциите по добиениот извештај од Градежниот факултет до Јавното претпријатие за државни патишта дека мостот кај Башино село е во многу лоша состојба заради што се забранува секаков сообраќај за лесни и тешки товарни возила.

Министерот Тошковски упати извинување на граѓаните на Велес кои ќе мора да бидат трпеливи за надминување на оваа состојба бидејќи за жал претходната централна власт до која е апелирано уште во 2018 година за проект за санација на овој мост оставила штетата толку да се зголеми што сега има неминовност од затворање на мостот на неколку месеци, се до негова конечна санација.

„Министерството за внатрешни работи во моментот преку специјалните единици учествува во подводни снимања на мостот со што ќе овозможи видео материјал на Градежниот факултет за да направи брз проект за санација и пуштање во употреба на мостот за сообраќај што се очекува да заврши за 60 до 90 дена. Во меѓувреме сообраќајот кој нема да се одвива преку овој мост ќе биде пренасочуван преку Велес, а полицијата постојано ќе го регулира сообраќајот со посебни режими со цел да не се наруши текот на сообраќајот и да нема застои во движењето на возила низ градот Велес.

Ги повикувам граѓаните на Велес и сите граѓани кои ќе имаат потреба да сообраќајот во овој регион да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои ќе учествуваат во регулацијата на сообраќајот. Во меѓувреме паралелно на проектот за санација на овој мост кој треба да заврши за 60 до 90 дена се планира проект на нов мост во близината на истиот, чија изградба треба да почне во втората половина на годината после завршувањето на тендерските постапки и избор на изведувач.“, потенцираше министерот Тошковски за време на увидот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈСП со неделен возен ред за време на празниците

Следно

Мицкоски ќе го пушти во употреба експресниот пат Куманово-Крива Паланка на Коридор 8

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop