Тошковски: Професионално спроведени акции во кои се разбиени две криминални групи, очекувам се повеќе такви во иднина

October 25, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на ТВ Клан Македонија на прашање за резултатите во борбата против криминалот и корупцијата на новата влада истакна дека општоприфатено во јавноста е дека досегашните реализирани постапки и акции се повеќе од професионално спроведени низ целосниот институционален процес и очекува да ги има што повеќе во иднина.

-Основната задача на МВР и на Владата е борбата против организираниот криминал и висока корупција. Со цел да може да прикажеме вистинска борба со организираниот криминал и корупција. Досега се нема случено за два дена во две акции во едната да бидат уапсени над 10 државни службеници коишто вршеле злоупотреба на службена положба и овластувања и ги рекетирале своите граѓани, а веќе следниот ден да биде уапсена друга организирана криминална група која се занимавала со нелегална трговија со луѓе и други дела при што беше одреден притвор за тринаесет луѓе. За кратко време како МВР успеавме да реализираме оперативни дејствија и да креираме круцијална борба против организираниот криминал, дециден беше министерот Тошковски.

Запрашан за најавуваните случаи за големи криминали од функционери на минатата власт, Тошковски истакна дека дејствијата коишто МВР ги презема граѓаните имаат право да ги знаат во оној момент кога степенот на сомнение биде на соодветно ниво коешто ќе се процесуира во насока на соодветни акти кон Јавното обвинителство и Судот, а притоа нема да може да ја загрози истрагата.

-Има огромен број на докази коишто македонските граѓани ќе ги видат процесуирани во соодветни постапки таму каде ќе има соодветни докажувања за елементи на сторени кривични дела. А такви ќе има многу. За да имаме законити постапки, и да ја оствариме целта која е во интерес на македонските граѓани, мораме да постапуваме согласно законите и во рамки на едни темелни истраги и процеси кои интензивно се работат да ги доведеме процесите до крај, нагласи министерот Тошковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски за изјавата на Мицкоски за Преспанскиот договор: Станавме нација која чита само наслови

Следно

Петар Јовановски реизбран за претседател на Одбојкарската федерација на Македонија

Latest from Blog

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга, раскажуваат очевидци на настанот за Инфомакс. Лицето М.Т, полицаец во сообраќајна полиција во Струга, на 5 јули половина час по полноќ во населбата Езерски Лозја,

БЕСПЛАТНО ПАРКИРАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПАРКИРАЛИШТА ЗА ЛИЦА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР

Советот на Општина Битола на денешната седница донесе Одлука за бесплатно паркирање на јавните паркиралишта на ЈП „Паркинзи“ за лица со аутистичен спектар. Повластената паркинг карта може да ја користат на следните

Николоски: Македонија воведува нов систем – 15 институции на едно место за побрз увоз и извоз

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информира дека започнува имплементацијата на новиот Национален едношалтерски систем, кој треба да донесе значително олеснување за компаниите и поефикасни процедури при увоз, извоз

Танкер бил погоден од проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснец

Повикувајќи се на неименуван американски функционер, „Волстрит џурнал“ објави дека корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран отворил оган врз два комерцијални брода во близина на теснецот. „Аксиос“, објави дека Иран испукал
Go toTop