Тошковски на терен заедно со полициските службеници кои ја одржуваат безбедноста на главниот град: За една седмица лишени од слобода 67 лица

September 2, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера (01.09.2024), ги посети пунктовите на полициските службеници кои учествуваат во рамките на оперативната акција со зголемено присуство на полицијата за безбеден град Скопје, а го посети и мониторинг системот „Безбеден град“, во рамки на оперативната акција за бескомпромисна борба против сите видови криминал и нарушување на јавниот ред и мир, како во градот Скопје, така и во целата држава.

Министерот Тошковски уште еднаш потенцираше дека никој нема право да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните, без разлика дали се работи за сообраќајни прекршоци, нелегална трговија со дрога и оружје, вандализам итн. Законот важи подеднакво за сите и сите оние кои ќе го прекршат ќе ги сносат последиците за своите постапки.

Во рамки на акцијата за враќање на безбедноста во град Скопје до сега од нејзиниот почеток на 24.08 до 01.09.2024 полициските службеници во рамки на своите надлежности извршиле преглед на 987 лица, 452 патнички моторни возила и моторцикли.

Притоа, лишени од слобода се  67 лица. Од нив 40 лица по член 215 од кривичниот законик. Четири лица се приведени поради кршење на законот за оружје. Полициските службеници пронашле и лишиле од слобода седум лица барани по потерница и седум лица барани по други членови од кривичниот законик…

Министерот Тошковски со полициските службеници разговараше и за проблемите со кои се соочуваат на терен, како недостаток на материјално-технички средства и ги информираше дека раководството на министерството работи интензивно на создавање услови за обезбедување на сите неопходни средства како нови униформи,  возила за ефикасност во обезбедување на безбедноста на сите граѓани.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Захариевски нов тренер на Вардар

Следно

Јаневска: 815 образовни асистенти денеска ги потпишуваат договорите

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на
Go toTop