Тошковски: Четири столбови за реформа и креирање на системски решенија во МВР

December 11, 2024
1 min read

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи на безбедносниот систем на Република Северна Македонија“ во организација на Факултетот за безбедност – Скопје.

Министерот Тошковски во своето излагање истакна дека ако сакаме да изградиме безбедносен систем базиран за функционални институции треба да ги вклучиме сите сегменти во општеството како експертите и професорите, невладините, јавноста и самите граѓани.

Министерот Тошковски ги дефинираше четирите столбови на реформи кои се планирани во сегментот на министерството за внатрешни работи во следниот период а тоа се: реформа на центарот за обука и воведување на средно полициско училиште од 2 години, дигитализација на процесите во министерството, новите закони за внатрешни работи и полиција и воспоставување на техничкиот систем „Безбеден град“.

-Воведувањето на средно полициско училиште од две години ќе биде еден од темелните чекори со цел на младите луѓе да им го вратиме чувството на љубов кон татковината, професионализмот во професијата и желбата за владеење на правото и правен ред и поредок. Втор столб е дигитализацијата на процесите и услугите на МВР кои ќе генерираат побрзи услуги за граѓаните и ќе се намали можноста за било каква корупција. Тука за пример ја земам новата онлајн алатка за аплицирање за дозвола за оружје која ги скратува времето и трошоците на граѓаните и ја намалува можноста од корупција која претходно ја имало во нивното издавање. Трет столб се новите закони за внатрешни работи и полиција кои ќе и овозможат на полицијата нова систематизација и поставеност со цел побрзо и поефикасно да одговара на предизвиците во областа на безбедноста кои се менуваат секојдневно. Четвртиот столб е пуштањето во употреба на системот на камери „Безбеден град“ кој треба да прерасна во безбедна држава кој ќе помогне и во намалување на сите видови на криминалитет во еден дел и решавање на сообраќајниот хаос и зголемување на сообраќајната култура кои ќе ги намалат бројките на жртви во сообраќајни незгоди кои се многу големи, образложи министерот Тошковски.

Министерот Тошковски на крај потенцираше дека само со креирање на суштински и системски решенија може да има вистинско решавање на проблемите како во оваа така во секоја област.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

СДСМ за случајот „Адитив“: Го поддржуваме секој чекор насочен кон расчистување на евентуални злоупотреби, никој не смее да биде над законот

Следно

„Белата зграда“ – Блок за егзекуција на озлогласениот затвор „Седнаја“ во Дамаск

Latest from Blog

Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК – надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата

Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) – оттаму нагласуваат дека надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата. Од ЦУК потсетуваат дека единствениот

Втората група од 200 палестински затвореници спремни за ослободување во рамките на договорот за прекин на огнот во Газа

АНКАРА (АА) – Втората група од 200 палестински затвореници ќе биде ослободена денес според договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници меѓу Хамас и Израел, јавува Анадолу. Медиумската

Се запали автобус на ЈСП во Сопиште

Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште, пренесува МИА. Засега нема детали, и не е позната причината за запалувањето на автобусот. На теренот веднаш излегле екипи од
Go toTop