ТОШЕ ПОП-СИМОНОВ Е НАШИОТ КВИНСИ ЏОНС, КАЖА ДАРИО ПАНКОВСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА ЛЕГЕНДАРНИОТ МУЗИЧАР И ПРОДУЦЕНТ

May 7, 2025
2 mins read

Со суперлативи за неговите човечки, другарски и музички квалитети, со музички времеплов во 1990-тите, македонската естрада, пријатели и роднини денеска се простија од Тоше Поп-Симонов, легендарниот музичар, композитор, продуцент, аранжер и снимател, кој почина минатиот месец на 62 години. На комеморацијата во кино Фросина во Младински културен центар во Скопје често можеше да се чуе епитетот гениј, а Дарио Панковски можеби најдобро го долови придонесот на Поп-Симонов кон современата македонска популарна музика, споредувајќи го со американската музичка икона Квинси Џонс.

Се грижеше за мене како за свое дете, за мене беше учител, музичар и вујко, кажа Веко во видеопорака испратена од Австралија (Фото: К. Попов)

Никогаш нема да се навикнам за Тоше да зборам во минато време, Тоше беше ваков, Тоше беше онаков. За мене Тоше ќе остане е. Тоше е нашиот Квинси Џонс, најхаризматичната, најинтелигентна, најпродуховена и најдуховита личност што сум ја запознал во животот, човек, човечиште, другар. Пола од моите најголеми хитови се или продуцирани или аранжирани од него или тој го напишал текстот“, кажа Панковски.

Сите со свои сеќавања, Верица Пандиловска се јави од Холандија, групата „Фрајле“ од Србија, а можеби најнеочекуваниот момент беше огласувањето на Ена Веко, која Поп-Симонов буквално ја создаде во музичка смисла, исто како „Студени нозе“.

Драган Б. Костиќ ги спореди гитарските вештини на Поп-Симонов со оние на Гери Мур (Фото: К. Попов)

Тоше беше целина од појава, однесување и интелигенција, сталожен и мудар и тоа се одрази во неговата музичка професија. Знаеше да процени што ѝ треба на публиката и за што е спремна во одредено време. Соработката со него беше секогаш интересна, проследена со мудрости и хумор. Беше и великодушен, ме вовлече во неговото музичко друштво со широки раце. Се грижеше за мене како за свое дете, за мене беше учител, музичар и вујко“, кажа Веко, која долги години живее во Австралија.

Видно емотивниот Петар Георгиевски-Камиказа се присети како Поп-Симонов го убедил пејачот Поце да се врати во „Меморија“, но и го нервирало што бил толку совршен кога работел на нивните албуми во студио, радиоводителот Драган Б. Костиќ ги спореди гитарските вештини на Поп-Симонов со оние на Гери Мур, а Ивица Стојановски-Фиц, некогашниот член на „Студени нозе“, откри дека токму Поп-Симонов прв му дал шанса да запее – како пратечки вокал на Ристо Самарџиев во студио.

На комеморацијата во кино Фросина често можеше да се чуе епитетот гениј (Фото: К. Попов)

Тоше беше генијален човек, талентиран за повеќе работи, од неговиот прв бенд ‘Бастион‘, па ‘Асторија‘, до неговите песни за Макфест, кои звучат поразлично и подобро од оние што денес се прават во најсовремени студија. Тоше ќе го паметам и по неговото капче и да знаеш, од денеска, секогаш кога ќе го ставам на глава, ќе помислувам на тебе“, рече Игор Џамбазов во видеопорака.

Поп-Симонов ја почна својата музичка кариера во 1980-тите, при што беше еден од основачите и гитарист на култната рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок групата „Асторија“.

Тој остави особено длабока трага во македонската музика во 1990-тите, кога повеќе се посвети на работата во студио, соработувајќи со речиси сите познати имиња од поп, рок, па и фолк сцената. Меѓу другите, ги промовираше Ена Веко и „Студени нозе“, што беше негов продукциски проект. Како композитор, снимател, продуцент или аранжер работеше на албуми и синглови на „Мизар“, Владо Јаневски, „Меморија“, Дарио, „Силви бенд“, „Анастасија“, Дуле и Коки, „Куку леле“, Верица Пандиловска и бројни други.

Г. КОНЕВ

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Храната, транспортот и облеката ги движат трошоците нагоре – паднале цените на алкохолот

Следно

Добро со Вреди, добро со Таравари? – Мицкоски во обид да ја зачува владината коалиција

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop