Добро со Вреди, добро со Таравари? – Мицкоски во обид да ја зачува владината коалиција

May 7, 2025
1 min read

Во вторникот вечерта, премиерот Мицкоски и лидерите на ВРЕДИ се сретнаа во Владата. Присутни беа лидерот на ДД, Изет Меџити, лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, лидерот на Алтернативата, Зеќирја Ибрахими, но беше забележан и претседателот на Собранието, Африм Гаши. Од друга страна, покрај Мицкоски, на овој состанок присуствуваше и потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, вицепремиерот, Александар Николоски.

Немаше покана за медиумите, а немаше ниту изјави за тоа што се дискутираше.

Владини извори за медиумите велат дека средбата била конструктивна во пријателски и партнерски дух. Според она што беше соопштено, биле разгледани сите прашања за реформите, борбата против криминалот и промените во системот што ги оставиле ДУИ и СДСМ. Истакнаа дека разговорите продолжуваат за овие прашања.

Се обидовме да дознаеме детали од Премиерот, но тој не сакаше да открива многу.

Сите овие случувања следуваат откако Арбен Таравари кој  веќе не е дел од ВРЕДИ, заедно со другите функционери на АА продолжуваат да бидат дел од извршната власт. Тројцата лидери на ВРЕДИ инсистираат дека АА не треба да биде дел од власта. За ова, вчера и денес, „преписките“ меѓу нив продолжија преку социјалните мрежи.

Синоќа од ВРЕДИ напиша дека непринципиелната политика на нејасни позиции каде не се знае кој е партнер, кој е сојузник, а кој е противник, заврши!

„Политиката не е ниту лов, ниту риболов. Но, постојат принципи и визија во постапувањето. Кој ги нема овие доблести, тешко да продолжи во ВРЕДИ. Затоа, оние што си заминаа го користеа ВРЕДИ како трамболина   за да скокнат во скутот на Ахмети. Во обидот да го зголемат пазарењето, го зголемија нивниот срам и неуспех, го разоткрија нивното лицемерие и злоба. ВРЕДИ нема да дозволи ДУИ да се врати во оваа Влада, дури ни низ задната врата“, вели Вреди.

А денес, преку Фејсбук, генералниот секретар на АА, Блерант Рамадани, објави дека по средбата Таравари-Мицкоски, раководството на партијата го потврдило својот став на следниов начин:

„Алијансата не е политички декор, туку клучен фактор во управувањето со јасни принципи и одговорна визија. Алијансата за Албанците останува посветена на еднаквоста, чисти институции и држава што го почитува секој граѓанин. Овој пристап не е нов за нас, туку е дел од политичката ДНК на Алијансата за Албанците“, вели Блеранд Рамадани.

Средбата меѓу Мицкоски и Таравари се одржа еден ден пред средбата на Премиерот со лидерите на ВРЕДИ. По средбата, извори од АА за TВ21 изјавија дека средбата била многу пријателска и дека предлогот на Мицкоски бил уште еднаш да се обиде да се најде решение за меѓусебна поддршка меѓу владините партии на локалните избори, со посебни листи за советници.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТОШЕ ПОП-СИМОНОВ Е НАШИОТ КВИНСИ ЏОНС, КАЖА ДАРИО ПАНКОВСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА ЛЕГЕНДАРНИОТ МУЗИЧАР И ПРОДУЦЕНТ

Следно

Втор американски борбен авион падна во Црвеното Море по неуспешниот обид за слетување

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop