„Торонто експрес“ и „Срам“ вечерва на интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола

1 min read

Интернационалниот театарски фестивал на монодрамата во Битола продолжува со гостување на Македонскиот народен театар кој учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ.

„Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродаваните претстави од репертоарот на МНТ, а овојпат на Фестивалот ќе биде одиграна со публика на големата сцена во Битола како и со превод на англиски јазик, соопштија од Македонскиот народен театар.

Според програмата, покрај монодрамата „Торотнто експрес“, во вечерениот термин ќе биде одиграна монодрамата „Срам“ во која автор, режисер и актер е Ангела Стојановска.

Интернационалниот театарски фестивал на монодрамата во Битола е натпреварувачки и претставите ги оценува жири-комисија во која членуваат Нина Мазур, Николај Урумов и Сашко Коцев.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

Претходно

Бускет се израмни со Иниеста во титулите освоени со Барса, рекордер е Меси

Следно

Циклонот „Мока“ усмрти 5 лица, 700 се повредени

Latest from Blog

Кој е Ебрахим Реиси?

Тврдокорниот ирански претседател Ебрахим Раиси долго време се сметаше за штитеник на иранскиот врховен лидер ајатолахот