Топол бран во Македонија, ова се советите за граѓаните

July 22, 2025
1 min read

Претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степена.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе достигне до 42 степенa.

Институтот за јавно здравје излезе со совети за постарите лица:

Иако изложувањето на сонце има значителни здравствени придобивки, за жал, со климатските промени, топлотните бранови се сѐ почеста појава и сè подолги и потопли. А ризикот на човековото здравје рамномерно се зголемува.

Избегнување на изложување на сонце

Најважниот чекор е да се држите подалеку од сонце со престој во затворен простор или во засенчена област во најжешките часови од денот-помеѓу 11 и 17 часот.

Соодветен третман при изложување на сонце

Изберете поладна и пократка рута до крајната дестинација.

Кога сте на директна сончева светлина, по ваша проценка, покријте го видливиот дел на телото носејќи светла и широка облека и очила со УВ заштитен фактор.

Редовно нанесувајте крем за сончање со најмалку 30-заштитен фактор (по потреба, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт). При нанесување на крем за сончање, покрај нанесување на лицето, не ги запоставувајте и други откриени делови на телото,  деколтето, ушите и вратот.

Покријте ја главата со капа која ќе овозможи комплетна засенченост на ушите, носот и вратот, или, користете чадор со бела боја. Исто, лепезата може да биде добра алатка во справувањето со топлината.

Не заборавајте да правите редовни паузи во затворени простории или во засенчени места за да избегнете топлотна исцрпеност или топлотен удар.

Можете да понесете со себе спреј со вода или шише со вода и повремено да прскате или мануелно (рачно) да нанесете. Алтернативно, да ставате ладни облоги.

Измијте ги рацете, вратот и нозете почесто. Изложувањето на вода на овие регии ќе придонесе за брзо и ефикасно ладење.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милошоски: Имаме основана доза на скептицизам за прифаќање на заедничка резолуција во ЕП од страна на Бугарија

Следно

Најмалку 14 лица убиени, 25 повредени во израелските напади врз бегалски камп во Газа

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop