Најмалку 14 лица убиени, 25 повредени во израелските напади врз бегалски камп во Газа

July 22, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 14 лица се убиени, а 25 се повредени рано утринава кога израелските воени авиони ги погодија шаторите во кои се засолнети раселените Палестинци во бегалскиот камп Шати во северна Газа, велат медицински извори, јавува Анадолу.

Според официјалната палестинска новинска агенција Вафа, жртвите, меѓу кои жени и деца, биле однесени во болницата „Шифа“ во градот Газа по воздушниот напад пред зори.

Израел уби повеќе од 59.000 Палестинци, повеќето жени и деца, во Појасот Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја разори енклавата, го уништи здравствениот систем и доведе до сериозен недостиг на храна.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај на геноцид во Меѓународниот суд за правда за неговата војна во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Топол бран во Македонија, ова се советите за граѓаните

Следно

ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop