Милошоски: Имаме основана доза на скептицизам за прифаќање на заедничка резолуција во ЕП од страна на Бугарија

July 22, 2025
1 min read

Скептицизмот, вели Милошоски, се темели на изјави дадени од страна на официјални лица на Бугарија, за кои рече звучат слично како изјавите на официјалните лица на Москва за самобитноста на украинскиот народ и јазик.

„Имаме основана доза на скептицизам, бидејќи изјавите на повеќе официјални лица на соседна Бугарија звучат слично како изјавите на официјалните лица на Москва за самобитноста на украинскиот народ и јазик. За жал, во 21-от век не би требало нормалниот човек тоа да го очекува, но се уште има рецидиви од минатото. Нам не ни треба нечија потврда за постоењето, нам ни треба само потврда за вистинските и искрени или скриени намери на соседа Бугарија“, рече Милошоски.

Вели кога би биле во позиција на некоја од скандинавските земји, каде што нема негирање на самобитноста на еден народ и јазик, ние не би имале потреба од заедничка резолуција. 

„Но, кога гледаме дека Бугарија дипломатски и политички атакува на самобитноста на македонскиот народ и посебноста на македонскиот јазик ваквите иницијативи можат да бидат корисни. Има скептицизам дали ќе биде прифатено или не, доколку биде прифатено би било позитивно за Македонија, а доколку биде одбиено тогаш барем ќе знаеме на што сме, дали имаат искрени и чесни намери или задни намери. Наша обврска е да понудиме нешто разумно и аргументирано, нешто што ќе значи взаемна почит на македонскиот народ кон бугарскиот и обратно. Дали ќе биде прифатено или не, да почекаме во следниот период“, рече Милошоски.

Според него, состојбата во која сега се наоѓа Македонија е резултат на потпишувањето на како што рече контроверзни анекси на Договорот за добрососедство со Бугарија. 

„Затоа прифаќаме критика и од академската фела, прифаќаме сугестии и од јавноста. Но, во секој случај, се обидуваме да поправиме одредени штетни последици, коишто настанаа како резултат на ваквите лесни потписи во име на државата, а коишто сега ги трпиме како штета на идентитетот и самобитноста на македонскиот народ и нашиот јазик“, вели Милошоски. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Следните разговори меѓу Русите и Украинците се закажани за в среда

Следно

Топол бран во Македонија, ова се советите за граѓаните

Latest from Blog

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури

„Тука не смееш и животни да оставиш да живеат“, и пациентите и вработените во опасност

Екипата на „Фокус“ го посети и машкиот оддел во Психијатриската болница во Бардовци, кој во моментов се реновира, но, според кажувањата, тоа изгледало како од хорор-филм. Во такви страшни услови, децении живееле

14 загинати во нов израелски напад низ јужен Либан

Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски
Go toTop