Топлотен бран: Зголемен бројот на повици за брза помош

June 12, 2024
1 min read

Високите температури и топлотниот бран кој ја зафати државата предизвика и присуство на змии во населени места. Турист од Холандија бил каснат од отровна змија, но во болницата во Охрид немале серум против змиски отров па бил транспортиран во Дебарската болница, каде му бил спасен животот. Зошто во болница во турстички центар нема антивиперин и како ќе се решаваат ваквите случаи во иднина, дали станува збор за моментален недостиг на серум против змиски отров или континуирано се препраќаат пациентите во други болници се прашањата кои ги испративме до Општата болница во Охрид.

– Со оглед на процедурите за набавка , сите потребни ресурси , вклучувајки и серум против змиски отров, се на располагање во ЈЗУ Општа болница Охрид. Во последниот месец сме дале три серуми од кои последниот серум беше даден пред два дена. Со оглед на тоа што процедурите за одобрение за  испорака на серумите не се во наша надлежност, истите се испорачани –доставени вчера. ЈЗУ Општа болница Охрид располага со сите серуми и вакцини, велат од Охридската болница. 

Во меѓувреме топлото време продолжува, што резултира со зголемена работа на Итната медицинска помош. Доктор Милица Бубало за емисијата Студио 10 на ТВ 24 вели дека деновиве се забележани повеќе повици и интервенции.

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на државата и топлотниот бран Министерството за Образование и Наука денес излезе со препораки основните училишта да работат со скратени наставни часови.

– Основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува; училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат; да се насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода; да им се препорача на учениците да не конзумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден, преопрачуваат од МОН.

Ваквите препораки следуваат откако на социјалните мрежи вриеше од коментари на родители за продолжувањето на учебната година, поради пролетниот распуст кој беше реализиран околу Велигден, а дел од реакциите се дека основците на овие високи температури треба да следат настава во неклиматизирани простории. 

Инаку, од УХМР најавуваат дека веќе во петок се очекува позначително намалување на температурите за околу 10 степени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел потврди дека загинал високиот командант на Хезболах во југоисточниот дел на Либан

Следно

Македонец ќе биде делегат на финалето на ЕВРО2024

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и
Go toTop