Томовски: СДС да не штити приватни бизнис интереси вредни половина милион евра, ја повикувам Антикорупциска да отвори случај

January 22, 2025
1 min read

Ја разбирам нервозата во редовите на СДС која потекнува не само поради политичката неинвентивност и алчност, туку пред сѐ, поради бизнис интересите кои им се засегнати поради законитото работење на СОЗР, но и тесните бизнис интереси кои тие ги имаат со конкуренцијата во сферата на кој се однесува овој тендер, посочува директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

-Кога непознати лица од партијата ќе ги пуштат како топовско месо на прес-конференции да сеат лаги и манипулации, а не им кажуваат дека всушност ги “горат”, треба да им кажат дека со истите тие прес-конференции штитат за половина милион евра поскапа понуда за обезбедување на истиот тендер кој го спорат. Значи, болката на СДС е што се заштедија половина милион евра и истите не припаднаа на бизнис интересите кои ги застапуваат, рече тој.

Томовски ги посочи следните факти:

-Со тендерот обезбедив конкуренција, при што се наддаваа четири фирми, што не беше случај во изминатите шест години, кога само една фирма која конкурирала, секогаш го добивала тендерот на максималната вредност. Понудата се спушти за половина милион евра и исто толку се заштедија пари на граѓаните. Штета што господата од СДС жалат за тоа дека се заштедени пари на граѓаните, а не се наполнети паричниците на луѓето блиски до таа партија. Добитникот на тендерот, компанијата „Праеториан“, на никаков начин не е поврзана со мене, ниту му припаѓа на некој мој роднина. Ова е чиста дезинформација и обид за манипулација на јавноста, рече тој.

Директорот ги повикува СДС се што имаат да достават до Јавното обвинителство и до Државната комисија за спречување на корупција.

-Во спротивно, јасна е намерата да лажат и манипулираат со овој случај. Воедно, убеден во исправноста на мојата одлука, лично ја повикувам Антикорупциската комисија да отвори и го испита овој случај, посочи тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Александар Гелевски назначен за нов директор на Агенцијата за планирање

Следно

Евакуирани 65 лица заглавени на патиштата поради снег и снежна бура во Казахстан

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop