Токсичен воздух во Скопје, Струмица, Велес и Кочани

January 3, 2025
1 min read

Граѓаните во Струмица вечерва дишат најзагаден воздух во земјата, но токсичен воздух се диши и во Скопје, Велес и Кочани.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека во Струмица во 19 часот се измерени 338,5 мигограми на метар кубен ПМ10 честички, додека во Велес биле измерени 185.

Во Кочани најмногу загаденост има со ПМ2,5 честички, а во 19 часот биле измерени 192 мигограми на метар кубен.

Загаденоста е енормна и во Скопје. Најзагадено во главниот град е во Лисиче со измерени 253 ПМ10 честички, кај ректорат се измерени 214, додека во Центар се измерени 196, а во Гази Баба 186.

Во Карпош се измерени 184 микрограми на метар кубен ПМ2,5 честисчки, а во Ѓорче Петров се измерени 161.

Податоците од вечерва се само продолужување на трендот на токсична загаденост. Скопје утрово беше најзагаден град во Европа и 11 во светот според податоците од „IQAir“, специјализирана платформа за мерење на квалитетот на воздухот. Индексот на загаденост изнесува 166, што го става градот во категоријата на високо загадени средини, опасни за здравјето на граѓаните.

Граѓанските организации веќе долго време алармираат за сериозноста на проблемот, а на протестниот марш против загадувањето минатиот месец побараа итни и ефикасни мерки. Проблемот не е само локален – според Светската банка, загадувањето на воздухот годишно предизвикува смрт на околу 2.800 жители во Македонија, од кои најголемиот дел се од Скопје и Тетово.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поглаварот на ААПЦ, архиепископот Јанулатос префрлен во Грција на специјализирано лекување

Следно

Продолжува ерупцијата на хавајскиот вулкан Килауеа

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop