„Ткаење светови: Колекции во разговор“, изложба со избор од колекцијата на МСУ-Скопје во Љубљана

April 15, 2025
3 mins read

Уметнички дела од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје ќе бидат изложени во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова во Љубљана, Словенија на 24 април 2025 година. Конципирана од 87 дела од колекцијата на МСУ, во најголем дел од македонски автори, изложбата е насловена „Ткаење светови: Колекции во разговор“ и ќе биде отворена десет месеци. Проектот е во рамките на програмата од национален интерес на Министерството за култура и туризам на РС Македонија и конципирана е како реципроцитетна изложба.

Куратори на изложбата се: Ивана Васева, Благоја Варошанец, Ива Димовски и Владимир Јанчевски од МСУ-Скопје и Бојана Пишкур од Љубљана. „Ткаење светови: Две колекции во разговор“ ја градат дела од 87 автори и тоа најмногу од РС Македонија и од речиси сите поранешни југословенски републики (посебно во делот на наивната уметност), дополнети со дела од уметници од Бразил, Полска, Боливија, Судан, Уругвај, Албанија, Јапонија, Јужноафриканска Република, Иран, Куба, Шпанија и од Романија. Изложбата е резултат на конструктивен дијалог помеѓу специфични колекции – колекцијата на солидарноста на МСУ-Скопје и колекцијата „Артист 2000+“ како и националната колекција на Модерна галерија, Љубљана. Поставката ги истакнува само делата изработени од природни материјали, како и дела кои го одразуваат ангажманот на уметниците со природата. Таа се фокусира на еманципацијата на уметничките медиуми, истражувајќи го односот помеѓу културата и природата, додека критички се осврнува на горливите еколошки прашања од времето на Капиталоценот. Кураторите како појдовна точка го земаат антропоцентричното надвладување на природата под влијание на капиталистичките апетити кои ја искористиле природата речиси до последните капацитети.

„Потценувањето на важноста на релацијата човек – нечовек, култура – природа, нè доведе до досегашната асимилација и уништување на природата. Антропоценот или Капиталоценот сфатен како прекумерно влијание на човекот во природата под влијание на ексцесивните апетити на капиталот ја измени структурата на природата до ниво на речиси целосно исчезнување. Дали веќе експлоатацијата на природата и екстракцијата која нè води во катаклизма го бара назад спасот во сè уште преживеаните и драгоцени искуства на симбиозата на човекот со природата? Но, што е тоа што земјата, водата, отфрлените дрва, волната, живиот свет – вончовечкото – може да нè научат ако внимателно слушаме, т.е. ако не се поставиме како узурпатори, туку како соработници, како можност за етичко поврзување кое конституира мрежи на интерконекција со сите форми на живот?“, го објаснуваат кураторите својот концепт.

Изложбата во Љубљана зборува преку три сегменти. Таа произлегува од делот „Заборавен свет“ – дела кои користат природни материјали: земја, вода, отфрлени дрва, волна, живиот свет или пак реферираат на нив во конципирањето. Делот насловен „Свет налик“ го градат инсталации инспирирани од односот кон природата или тематски или визуелно, користејќи ги ресурсите на локалното поднебје, на некаква локална продукција која секогаш била во спрега со традиционалното (означено како народна традиција). Навраќајќи се на односот кон природата „Свет во настанување“ го градат дела од наивната уметност и дела кои се стремат кон враќање на односот кон природата и се критички кон индустријализацијата и искористувањето на природата. Сите 87 дела се групирани во овие три категории.

Отворањето на изложбата во Љубљана е закажано за 24 април во 20 часот и ќе трае до 8 февруари 2026 година. Наесен дел од колекциите на словенечкиот музеј ќе биде изложен во Скопје. Во „Ткаење светови: Колекции во разговор“ се застапени дела од македонските уметници: Борка Аврамова, Владимир Аврамчев, Македонка Андонова, Томе Андреевски, Ибрахим Беди, Гордана Вренцоска, Јордан Грабул, Евгенија Демниевска, Драгослава Јанева, Војко Јаневски, Гоце Јосифов – Ромбо, Ристо Калчевски, Димитар Кондовски, Димче Коцо, Михаил Лазаров, Доне Милјановски, Душко Мишевски, Вангел Наумовски, Петре Николоски, Аџем Нихат, Душан Перчинков, Раде Перчуклиевски, Илија Прокопиев, Кристина Пулејкова, Исмет Рамиќевиќ, Крсте Славковски, Мира Спировска, Мена Спировска-Менче, Глигор Стефанов, Душко Стојановски, Игор Тошевски, Марија Туша Иљовска, Симон Узуновски, Петар Хаџи Бошков, Ѓорѓи Цапев, Симон Шемов, Томо Шијак и Ѓорѓе Шијаковиќ, словенечките Јернеј Вилфан, Дружината од Шемпас, Маја Смрекар, Вадим Фишкин, потоа Стјепан Басталец, Антун Бахунек ,Фрањо Вујчец, Стјепан Кичин, Иван Кузмиак, Иван Лацковиќ-Кроата, Јулије Папиќ, Ханибал Салваро, Матија Скурјени, Петар Смајиќ, Иван Рабузин, Боривоје Максимовиќ, Стјепан Столник и Јосип Хорват од Хрватска, српските автори Јанко Брашиќ, Јано Вењарски, Oндреј Вењарски, Богосав Живковиќ, Милосав Јовановиќ, Јано Књазовиќ, Сеад Казанџиу од Албанија. Застапени се и Јоланта Овидска и Јузеф Сарновски од Полска, Јон Григореску од Романија, Маноло Милјарес од Шпанија, непознат автор од Иран, Вифредо Лам (Франција/Куба), Питер Кларк од Јужноафриканската Република, Мохамед Абдала Ахмед (Судан/Велика Британија), Ример Кардиљо од Уругвај, бразилските уметници Мариа Бономи, Валдемар де Андраде-Силва, Лухдес Гуанабара, Силвиа де Леон Чарлео, Ладир Харис Домше-Пулу, Луциа Кан, Мариа Осилијадора Силва, Жусара Пимента де Падуа, Еленос Силва, Педро Соарес Фогаса, Жералдо Триндаде Леал, Вилма Хамос, боливиските автори Макс Арукипа Чамби и Патриција Веласко Уалин и Јозо Хамагучи од Јапонија

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Запознајте ја Зора – Нов балкански рис следен со GPS-околувратник во македонските планини

Следно

Приведени албански државјани во Охрид – изведувале градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа

Latest from Blog

Партиите се подготвуваат за локални избори во сенка на трагедијата во Кочани и на глобалните промени

Подготовките за локалните избори во октомври 2025 паднаа во сенка на трагедијата во Кочани и на вестите за глобалните светски промени. Засега, април полека, но сигурно станува месец на политички турбуленции и

Во Македонија храната се чува во несоодветни услови, она што го откриле инспекторите на терен е запрепастувачко

Оливер Миланов, директор на АХВ вчера беше гостин во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21. Тој откри дека има многу небезбедна храна во Македонија, и дека досега се откриени 300 тони. „Вкупно се откриени

МОЌНАТА „ЦРНО СЕМЕ“ НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ЈА ТРОГНА И РАСПЛАКА ПУБЛИКАТА

Силни емоции до солзи предизвика кај публиката вчерашната премиера на претставата „Црно семе“ на Народниот театар од Битола, работена по романот на писателот Ташко Георгиевски, а во режија на Андреј Цветановски. Ова
Go toTop