Тетовските пензионери одржаа протест на плоштадот, не отстапуваат од барањата за повисоки пензии

November 1, 2023
1 min read

реклама


Дел од тетовските пензионери вечерва повторно одржаа протест на градскиот плоштад за да јавно ги изразат барањата за повисоки пензии. Овој протест следува по трите собири и блокирања на тетовските улици кои тетовските пензионери ги имаа во текот на октомври.

  • Протестите немаат никаква политичка или партиска позадина, но секој пат баравме поддршка од сите политички партии. За жал, партијата на власт, ниту еднаш не нè удостои да застане тука со нас, туку напротив се служеа со навредливи изговори, не потценуваа, ширеа лаги. Но ние остануваме достојни и истрајни со нашите ставови. Нашиот глас за достоинствен живот стигна и до меѓународните институции, порача Ленче Симовска.

Пензионерите велат дека нема да ги прекинат ваквите собири и јавни протести.

реклама

  • Нема отстапувања од нашите барање сè додека не се исполнат истите. Бараме да има 5000 денари линеарно зголемување на сите пензии и минимална пензија од 20 000 денари, истакна Летка Мишовска.

Тетовските пензионери најавија дека ќе одат на генералниот протест во Скопје на 7 ноември. Вечерва се евидентираа заинтересираните пензионери кои можат да присуствуваат на протестот.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Националниот парк „Шара“ полн со мали депонии – Шукова вели дека чистењето би било залудно фрлени пари

Следно

Бектеши: До крајот на ноември ќе чекаме одговор на нашето барање за таксата за транзит на руски гас

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop