Тетово и Чаир со скратени блок дотации?! – Шаќири: Ништо нема да им недостига

December 13, 2023
1 min read

реклама


Албанската опозиција, Европски сојуз за промени, се жали дека Министерството за образование и наука ги скратила блок дотациите за општините Тетово и Чаир, бидејќи тие се раководени од опозициски субјекти. Средствата се за одржување на училиштата, превоз на ученици и греење. Валидин Адеми од EСП вели дека зголемување имало само за буџетот за плати.

За 2024 година кај основните училишта, зборам за општина Тетово, имаме намалување на блок дотациите за 18 милиони денари, а за средните училишта имаме намалување од 13 милиони денари или за  околу 800 илјади евра за 2024 година се скратени блок дотациите во о. Тетово“, порача Валидин Адеми.

реклама

Министерот за образование, Јетон Шаќири на прашањето за овие обвинувања уверуваше дека ништо нема да им недостига на општините Тетово и Чаир, но апелира блок дотациите правилно да се искористат.

Минатата година општина Тетово не искористи 18 милиони денари од минатата година, и оваа година ќе ги објавиме транспарентно сите општини кои не ги искористиле, но општинските буџети треба да помогнат и за образовниот процес, бидејќи заедничкото управување со образованието не значи именување директори, доделување работни места, туку и коинвестирање во одредени ситуации“, вели Јетон Шаќири.

реклама

Шаќири тврди дека има зголемување на блок дотациите од 3,5% како вкупна вредност, а додава дека во текот на календарската година блок дотациите се зголемуваат со ребалансот на буџетот.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Д-р Марјан Шокаровски е избран за директор на Клиниката за кардиохирургија

Следно

ТВ21 во Брисел – Самит на ЕУ за Западен Балкан

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop